Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стопанска банка а.д. Битола со поволна понуда за втор период на одложена отплата на кредитните обврски

4 сеп. 2020 г.·2 мин читање·114 прегледи

Следете не на Viber

Имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризата, а врз основ на регулаторните измени донесени од страна на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 1.9.2020 година, Стопанска банка а.д. Битола нуди втора поволна промена на договорните услови – одложена отплата на кредитните обврски за кредити на физички лица со времетраење од 6 (шест) месеци, заклучно со 31.3.2021.

Оваа понуда важи за физички лица кои заклучно со 29.2.2020 немале доспеани ненаплатени обврски ниту нефункционални побарувања во Банката, биле класифицирани во А, Б или В ризична категорија или, пак, биле одобрени во периодот од 01.03.2020 до 24.03.2020 година, а се соочуваат со посериозни последици од ковид – кризата, односно само за оние кредитокорисници и/или со нив поврзани лица и/или кокредитокорисниците кои исполнуваат еден од подолу наведените критериуми:

a. Изгубено работно место во период на ковид-кризата

b. Намалени месечни примања во периодот на ковид-кризата

c. Нередовни приходи во периодот на ковид-кризата

d. Зголемени трошоци за лекување предизвикани од ковид-кризата

Сите клиенти кои сметаат дека ги исполнуваат критериумите за промена на договорни услови, треба во рок од 10 дена да достават БАРАЊЕ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ПРОМЕНА НА ДОГОВОРНИ УСЛОВИ на маил адресата на банката covid19merki@stbbt.com.mk или во било која од експозитурите на Банката со избор на еден (или повеќе) од наведените критериуми.

Барањата ќе се разгледуваат на индивидуална основа врз основа на презентирани документи и доставени докази. Сите барања за одложена отплата на обврските ќе се процесираат најдоцна до истекот на важност на Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Сл.Вес.бр.80 од 27.03.2020 и Сл.Вес.бр.125 од 15.05.2020).

Сите клиенти кои ќе ја прифатат понудата за промена на договорни услови, можат во било кое време истата да ја отповикаат и да продолжат со редовна отплата на обрврските. За отповикување на прифатената понуда задолжително треба да достават писмено барање на маил адресата на банката covid19merki@stbbt.com.mk или во било која од експозитурите на Банката.

Клучни зборови

  • одложена отплата на кредити
  • Стопанска банка АД Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk