Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Вработување

Стопанска банка Скопје го проширува тимот – вработува советник за одржливост

21 апр. 2024 г.·3 мин читање·1626 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска банка – Скопје има оглас за вработување советник за одржливост. Заинтересираните кандидати со образование и способности што одговараат на поставените критериуми, можат да аплицираат до 24 месецов. Селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Вработуванито е на определено време, со можност по истекот на договорот да се трасформира на неопределено време.

Советникот за одржливост е одговорен за воспоставување и одржување на политики, процедури и стратегии поврзани со еколошките, социјалните и управувачките ризици (ризици од ЕСГ), како и подготовка на извештаи за одржливост согласно Директивата за корпоративно известување за одржливост (CSRD), регулативата за таксономија на ЕУ, регулативата за обелоденувањата поврзани со одржливоста во секторот за финансиски услови (SFDR), Кодексот за корпоративно управување, како и интерните процедури и политики на Банката и интерните процедури и политики на NBG групацијата. Учествува во проекти од овие области, како и проекти кои служат за подобрување на процесот на собирање и обработка на податоци, или кој било друг поврзан проект кој може да се појави во текот на работењето. Активно ја следи целокупната домашна и меѓународна регулатива во областа на животната средина, општествените прашања и корпоративното управување. Подгототвува извештајни презентации за ESG перформансите, како и соодветен ангажман со инвеститори, регулатори и тела и други заинтересирани страни за прашања поврзани со ЕСГ.

За оваа позиција се потребни следните квалификации:

ВСП – економски студии, бизнис студии, математика или инженеринг, одржливост или науки за животната средина, или сродна област; способност за читање и разбирање на еколошките политики, рамки и стандарди; претходно искуство во областа на еколошките, социјалните и управувачките ризици (ризици од ЕСГ) ќе се смета за предност; искуство во собирање податоци, анализа и известување, а поседувањето сертификат за Power Bі ќе се смета за предност; одлично познавање на англиски јазик (лишан и говорен), поседување на соодветен сертификат на IELTS, TOEFL ќе се смета за предност; одлично познавање на Microsoft Office.

Во огласот е посочено дека за ова работно место е потребна динамична личност со способност за преземање иницијативи и донесување одлуки; способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување на повеќе задачи во кратки временски рокови; прецизност, точности аналитичен пристап во работењето; висок личен интегритет, деловен професионален однос.

Работниот дневен ангажман е осумчасовен, односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот во седиштето на Банката.

Заинтересираните можат да пополнат апликација на интернет-страницата на Банката – www.stb.com.mk/kariera-vo-sb. Исто така, можат својата кратка биографија на македонски или на англиски јазик да ја достават  во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври”, бр.7, со назнака за кое работно место се аплицира.

Од скопската Стопанска банка укажуваат дека нудат динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Клучни зборови

  • Оглас за вработување
  • советник за одржливост
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk