Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стопанска банка продава фабрика во Куманово, почетна цена над 2 милиони евра

21 дек. 2021 г.·4 мин читање·2098 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска банка на продажба нуди производствен капацитет во Куманово наменет за чување на замрзната храна. Станува збор за превземен имот, а го сочинуваат осум згради со вкупна површина од 10.921м2 (поранешен ДС ФУДС Куманово). Комплексот содржи опрема која се состои од линија за производство на црвен пипер, линија за производство на вишна и ФРИГОСКАНДИА тунел за брзо замрзнување со капацитет од 6т/ч.

Минимална/почетна цена по која се продава кумановската фабрика почнува од 2.040.000ЕУР. Од банката појаснуваат дека во тек е во постапка за упис на имотот во имотен лист. Избраниот купувач ќе го приватизира земјиштето под и околу објект на свој трошок.

Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.

Во цената на имотот не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот. Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска банка АД – Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
    • Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
    • Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РСМ  не постара од 6 месеци),
    • Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
    • цената која се нуди за купување на недвижноста, и истата да биде наведена во конкретен износ;
    • согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
    • согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД 113660111  со назнака: “депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот.

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откако ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

Рокот за доставување на понудите е 29. 12. 2021 година.

Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280, 02/3295-283

Клучни зборови

  • Куманово
  • продажба
  • Стопанска банка
  • фабрика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk