Стопанска банка од утре ќе исплаќа средства за социјална заштита

1 мин читање1141 прегледи


Стопанска банка информира дека исплатата на средствата за социјална заштита ќе се врши во периодот од 02.06 (вторник) до 04.06 (четврток) по азбучен редослед според почетната буква од презимето:
– 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 јуни (четврток) – П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Лицата кои поседуваат дебитна картичка ќе располагаат со износот на средства за социјална заштита од 02.06.2020 (вторник) преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти во исто време додека пред влезот АПЕЛИРАМЕ клиентите да се држат на растојание од 2м и да носат задолжително маска или марама.