Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

СТОПАНСКА БАНКА ГО ЗАСИЛУВА НАДЗОРНИОТ ОДБОР – Кои се четворицата нови членови?

15 јун. 2024 г.·3 мин читање·900 прегледи

Следете не на Viber

Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје ќе добие четворица нови членови, а предлозите за нивното именување треба да се усвојат на претстојната седница на Собранието на акционери, закажана за 16 јули.

Овој орган на Банката ќе биде засилен со тројца директори од Националната банка на Грција и еден од Групација ИТ ПМО. Се работи за Димитра Доима, Георгиос Тагарис, Панајотис Карандреас и Јиули Толиа. Предложени се од Одборот за именување и наградување на Стопанска банка.

Доима е актуелен заменик генерален директор за финансиско планирање и управување со перформансите на НБГ. Според образложението, таа е искусен професионалец во својата област. Работела на значајни позиции во НБГ и Пиреус Банка. Има докторат по меѓународни финансии и мастер по меѓународна економија, банкарство и финансии од Кардиф бизнис факултетот. „Нејзиното големо искуство во управувањето и следењето на финансиското работење и нејзиното длабоко познавање и разбирање на финансискиот профил на Групацијата и СБ ја прави соодветен кандидат за позицијата член на Надзорниот одбор“, пишува во образложението.

Второпредложен е Тагарис, кој е заменик генерален директор за управување со финансиски ризици на НБГ. И тој во банкарскиот сектор е повеќе од две децении, а за оваа позиција одговара поради „неговата солидна позадина во управувањето со ризици и програми за трансформација“, но и заради силните лидерски квалитети и сеопфатното разбирање на Групациските и регулаторните барања.

Карандреас е директор на секторот за меѓународни активности на НБГ. Веќе бил член на Надзориот одбор од 2010 до 2014 година. За него во образложението пишува дека е банкар со големо 30-годишно менаџерско искуство, особено во корпоративна стратегија, бизнис планирање, корпоративно управување и спојување и преземање друштва.

Четвртиот предлог е Толиа, директор на Канцеларијата за проектен менаџмент на ИТ и ИТ менаџмент. И за неа се посочува дека има големо искуство во програмскиот менаџмент, ИТ и консултантските услуги во финансискиот, банкарскиот и телекомуникацискиот сектор. А, како директор на Групација ИТ ПМО од март 2020 година „се докажа како посветен професионалец со силни динамични и организациски вештини и изградени компетенции како што се бизнис планирање, управување со проекти, ИТ управување, трансформација…“.

Четиригодишниот мандат на предложените ќе почне по добивањето согласност од гувернерката на Народната банка.

Инаку, во актуелниот состав на НО се претседателот Маринис Стратопулос, членовите Христодулу Христодулос, Димитра Гудуфа, Јанис Кајулис, Анастасиос Лизос и независните членови Владимир Филиповски и Сашо Ќосев.

Клучни зборови

  • Надзорен одбор
  • нови членови на но
  • Стопанска банка Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk