Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стопанска банка чува 56 милиони евра, 22.000 евра дивиденда само за приоритетните акции

3 јун. 2024 г.·2 мин читање·3174 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска банка Скопје нема да искористи ниту еден дел од ланската добивка за дивиденда на акционерите.

Најстарата и една од најуспешните банки во земјава одлучила да го зачува профитот од 56,37 милиони евра. Наспроти тој висок милионски износ, како дивиденда ќе се поделат нешто над 22 илјади евра. Само за приоритетните акции.

Пристапот од типот кој штеди – има, е потврден на акционерското Собрание што се одржа на последниот ден од мај.

Една од донесените одлуки е за распределба на добивката за 2023. Или, остварената нето добивка од 3.469.600.437 денари се распределува во:

„задржана добивка расположива за распределба во иднина во износ од денари 2.569.600.437,00 и задржана добивка за инвестиции во износ од денари 900.000.000,00“.

Со појаснување за вториот дел дека целите се развојни, односно инвестициите ќе бидат во материјални и нематеријални средства за проширување на основната дејност на Банката.

За тие 41,74 милиони евра оставени за иднина, во образложението на предлогот доставен до Собранието е наведено дека нема да бидат вклучени во сопствените средства на банката и во пресметката на адекватноста на капиталот.

А, за остатокот од 14,62 милиони евра наменет за инвестиции во образложението се вели:

„Со распоредување на дел од добивката во задржана добивка Банката има право за намалување на данокот на добивка во согласност со Законот за данок на добивка. Со тоа, Банката има право на намалување на даночната основа за искористениот износ за инвестирање и на тој начин има право на помал данок на добивката при изготвување на Даночен биланс за годината 2024“.

По сите милијарди во денари или милиони во евра, Собранието донело Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивидендата на приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје за 2023.

Станува збор за вкупно 1.364.664 денари или за над 22 илјади евра). Како што е наведено, дивидендата на акционерите ќе се пресметува по бруто износ од шест денари за акција. „Основицата за пресметка на дивидендата изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни акции по номинална вредност од 400 денари по акција)“, стои во одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13 јуни, а пресек на акционерската книга ќе се направи на 17 јуни.

М.А.

Клучни зборови

  • дивиденда за приоритетни акции
  • Распределба на добивка
  • Стопанска банка Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk