Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стопанска банка АД – Скопје продолжува да применува засилени мерки за заштита на здравјето на клиентите и вработените

10 апр. 2020 г.·2 мин читање·96 прегледи

Следете не на Viber

Како што се развива кризата со COVID-19 во Република С. Македонија, Стопанска банка АД – Скопје продолжува да применува засилени мерки за заштита на здравјето на клиентите и вработените, притоа обезбедувајќи континуитет во работењето и достапност на производите и услугите на Банката.

Во тој поглед, просториите на Банката како и банкоматите редовно се дезинфицираат, воведени се посебни услови за влез во филијала (2-5 лица во исто време, ознаки за одржување на соодветно растојание, редари пред филијалите, термална камера на влезот во Централата), се користат визири, маски, ракавици и вработените редовно се снабдуваат со средства и препораки/насоки за хигиена на работното место.

Дополнително, со цел да се обезбеди континуитет во работењето и во случај на зараза на вработен во Стопанска банка АД – Скопје, Банката работи со ротирачки тимови кои се менуваат на две недели и немаат директен контакт помеѓу себе.

Банката информира дека, на 09.04.2020 година, од лице вработено во филијала Куманово пристигна информација за позитивен резултат од тест за COVID-19, откако во семејството во кое живее имало позитивен случај. Лицето е дел од  „резервниот ротирачки тим“ и изминатите 14 денови не било ангажирано на работа, односно тимот и клиентите не биле во контакт со лицето во тој период.

Останатите вработени од овој тим се во добро здравје, изминатите денови се во само-изолација и ќе ги следат насоките од инфектолозите во претстојниот период пред да се вратат на работа (понатамошна изолација или тестирање).

Филијалата Куманово ќе продолжи со работа со тимот кој периодов работеше во Филијалата, со што ќе се обезбеди континуитет во услужувањето на клиентите на банката. Секако за филијалата ќе продолжи да се обезбедува интензивно чистење и дезинфекција за максимална заштита на здравјето на клиентите и вработените на Стопанска банка АД – Скопје.

Стопанска банка АД – Скопје, како општествено одговорна компанија, транспарентно ќе информира за евентуални случаи на позитивни COVID-19 вработени, а во меѓувреме го повторува апелот, филијалите да се користат само за неопходни трансакции и сите клиенти, кои се во можност, да ги активираат i-bank дигиталните канали и да ги реализираат своите трансакции преку интернет, мобилен или преку телефон.

На лицето со позитивен тест и семејството, Банката им посакува добро здравје и брзо опоравување.

Клучни зборови

  • Засилени мерки
  • коронавирус
  • Превентивни мерки
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk