Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

ШТО СЕ КРИЕ ПОД МРАЗОТ? Антарктикот открива сигнали што не ги објаснува стандардната физика

17 јун. 2025 г.·2 мин читање·2929 прегледи

Следете не на Viber

Во ледената тишина на Антарктикот, далеку од човечкиот шум, се појави неочекуван звук – сигнал од длабочината на Земјата, што предизвика конфузија кај физичарите. Истражувачите од проектот ANITA (Антарктичка импулсивна минлива антена), открија необични пулсирања што доаѓаат од под мразот, и тоа под агли кои, според досегашната наука, не би требало да постојат.

Овие сигнали не доаѓаат од небото-– туку од внатрешноста на Земјата, под агол од 30 степени, пробивајќи се низ карпи и мраз дебели илјадници километри. Што е уште пофасцинантно, тие не се совпаѓаат со ниеден познат модел на движење на субатомски честички.

ANITA е платформа поставена на воздушен балон, што се издига над Антарктикот и „слуша“ радиосигнали предизвикани од екстремно брзи честички – неутрина. Но она што беше откриено, не се вклопува во нивната типична слика. Неутрината, инаку присутни секаде во универзумот, ретко комуницираат со материјата. Во секој момент милијарди од нив поминуваат низ вашето тело без да направат ништо.

„Ако ги детектираме, тоа значи дека патувале низ целиот Универзум без да допрат ништо – а тоа е и возбудливо и проблематично“, вели д-р Стефани Висел, вонреден професор по физика и астрофизика. „Можеби гледаме неутрино од работ на видливиот Универзум – или пак, нешто сосема ново.“

Податоците се толку неочекувани, што научниците почнуваат да размислуваат за нови, непознати честички или физички интеракции што не се опфатени со стандардниот модел на физиката. Тоа ја отвора вратата кон теории за „новата физика“ – свет што досега само сме го претпоставувале.

Но за да се најде вистинскиот одговор, потребна е нова технологија. Затоа Државниот универзитет во Пенсилванија работи на напреден детектор наречен PUEO, кој ќе може со поголема прецизност да открива вакви аномалии и евентуално да ги разреши мистериите што ANITA ги откри.

„Претпоставуваме дека некаде во мразот или блиску до хоризонтот има ефект на радиопропагација што сè уште не го разбираме,“ додава Висел. „Истражувавме повеќе можности, но ниту една не ги објаснува целосно аномалиите.“

Додека научниот свет се подготвува за следниот чекор, сигналите од длабочината на Антарктикот остануваат една од највозбудливите – и најзагадочни – мистерии на модерната физика.

Клучни зборови

  • Антарктик
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk