Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Што можат туристите да однесат во Грција без да пријават на царина?

8 јун. 2022 г.·3 мин читање·3394 прегледи

Следете не на Viber

Бидејќи во последните две години главните дилеми при патувањето беа главно поврзани со пандемијата, односно потребната здравствена документација – потврди за вакцинација или болест, негативни тестови и слично, туристите при преминувањето на границата заборавија на стандардните царински правила. А што и во колкава количина патниците можат да понесат со себе во Грција?

Патниците кои пристигнуваат со авион од земји кои не се членки на ЕУ, можат да донесат најмногу 200 цигари, четири литри вино или еден литар жесток пијалок и парфем во пакувања до 50 грама. Што се однесува до парите, дозволено е да се земат до 10.000 евра во готовина (или еквивалентна сума на пари во друга валута). Секоја поголема сума мора да се пријави на граница, пишува biznis.rs.

Патниците кои доаѓаат по пат од земји кои не се членки на ЕУ можат да донесат 40 цигари, 20 пури или 50 грама тутун, еден литар жесток пијалок (појако од 22 отсто алкохол), два литра вино и 50 грама парфем. Готовината е исто така ограничена на 10.000 евра.

Цигари, антиквитети, даски за сурфање…

Дозволениот внес на цигари по патник е максимум 200 парчиња (една штека) кога се работи за повисоката граница или 40 цигари (две кутии) кога важи долната граница. Во пракса навистина се случуваше грчките цариници да направат проблем, најчесто на почетокот и на крајот на сезоната кога имаат доволно време да го проверат внесот на цигари и забранета храна. Тогаш се повикуваа на оваа долна граница, но во многу случаи не прашуваа за цигари, ниту пак пребаруваа автобуси и автомобили.

Забрането е внесување растенија со земја во Грција. Отстранувањето на антиквитети е забрането без специјална дозвола на Археолошката служба во Атина, а против секој што ќе ја игнорира оваа регулатива ќе биде поведена кривична постапка. Една даска за сурфање по лице може да се увезе/извезе без царина, доколку е запишана во пасошот при пристигнувањето.

Цените на транспортот растат

И покрај тоа што повеќето туристи очекуваа дека летниот одмор годинава ќе им биде порелаксиран поради подобрата епидемиска состојба, војната во Украина има прилично големо влијание врз туризмот, во вид на повисоки цени и потежок транспорт. Затоа често туристичките агенции се принудени на патниците да им наплаќаат повисока цена од договорената – од 10 до 15 евра за автобус и 30 евра за авионски превоз.

Патарина во Грција

На околу 500 метри од преминот Евзони на влезот во Грција се наоѓа првата наплатна рампа каде патарината за моторни возила е 1,80 евра, во еден правец. На наплатната рампа кај обиколницата Солун патарината за автомобили е 0,50 евра, за мотоцикли 0,30 евра, а за возила со или без приколка и висина поголема од 2,70 метри едно евро.

Патарината на Аспровалта чини 0,60 евра за мотоцикли, 0,90 евра за автомобили и до 3,20 евра за големи возила. Понатаму, од Солун до Атина има 11 наплатни рампи, а вкупната патарина е 31,35 евра.

Список на цени во одморалиштата

лежалки – во зависност од локацијата – бесплатно со пијачка, или од три до 120 евра по комплет
гиро – од 2,5 до четири евра
скара – од шест до 14 евра
кафе – од две до шест евра
домашно пиво – од три до 4,5 евра
сок – од три до 5,5 евра
апартмани – од 22 евра по лице

Клучни зборови

  • граница
  • грција
  • услови за патуање
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk