Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Што купуваат македонските онлајн купувачи?

25 фев. 2026 г.·3 мин читање·2079 прегледи

Следете не на Viber

Во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година изработен од Асоцијацијата за е-трговија, анализирани се податоците од Евростат, 2024, кои покажуваат дека 63,2% од македонските интернет корисниците купуваат онлајн, што ја позиционира земјата подобро од другите балкански соседи освен Србија (65%), но сепак под европскиот просек од 76.6%. Но онлајн купувањето е концентрирано во ограничен број категории, со јасно изразени преференции. 73.9% од македонските онлајн купувачи правеле нарачки за облека, обувки и модни додатоци, што ја прави модата убедливо најдоминантната категорија со што Македонија е над европскиот просек.

Купувањето на други производи останува значително ограничено. 25,3% купиле спортска опрема, 21,8% козметика, убавина или „wellness“ производи, мебел, 12.4% домашни и градинарски производи, 11,4% купиле компјутери, таблети, мобилни телефони или додатоци, а 9.1% детски играчки и производи за нега на деца. Особено ниска е застапеноста на онлајн купувањето кај средствата за чистење и лична хигиена (7,9%), лековите и додатоците во исхраната (7,7%), храната и пијалаците (7,6%), како и електрониката и апаратите за домаќинство (2,3%).

Во делот на услугите, 44,1% од онлајн купувачите платиле интернет или мобилни услуги онлајн, скоро двојно повеќе од европскиот просек од 22.4%. Исто така 33,7% платиле комунални услуги, исто така надминувајќи го европскиот просек од 13.2%. 18.3% од интернет купувачите направиле букирање за транспорт, а 15.5% за хотели, додека платените дигитални содржини остануваат слабо застапени, со само 1,4% претплати за музички стриминг.

„Македонските онлајн купувачи се најактивни во модата и во плаќањето на претплати за интернет и мобилни услуги, каде што онлајн купувањето е над европскиот просек. Во другите категории, онлајн купувањето е значително помалку застапено, што укажува на јасен простор за раст. На пример, само 7,7% од македонските онлајн купувачи нарачуваат лекови или додатоци во исхраната, како што се витамини, наспроти 48,3% во Шведска и 36,6% во Грција. Исто така, онлајн купувањето на електроника и апарати за домаќинство е исклучително ниско, само 2,3%, а храната и пијалаците ги купуваат онлајн само 7,6% од купувачите. Овие бројки покажуваат дека, покрај модата и услугите, постои значителен неискористен потенцијал за проширување на онлајн понудата и во други категории на производи,“ изјави Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија во Северна Македонија.

Инаку, Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година е изработен од Асоцијацијата за е-трговија и беше традиционално презентиран на 8-та регионална конференција за е-трговија во Скопје. Како седмо издание од серијата, оваа публикација по втор пат е објавена на англиски јазик и со проширен фокус кој го опфаќа целиот регион на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

*Податоците се добиваат со анкета од ДЗС, а периодот „последните 3 месеци“ се однесува на првото тримесечје од годината.

Клучни зборови

  • е-трговија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk