Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Што е „крипто зима“ и зошто некои инвеститори се плашат да не се повтори 2018 година

26 јан. 2022 г.·4 мин читање·2730 прегледи

Следете не на Viber

Само неколку работи се пострашни за инвеститорите од она што во светот на крипто-валутите се нарекува мечкин пазар,  а тоа е период во кој вредноста на криптото континуирано паѓа, некогаш и фантастични 20 проценти. Овој термин означува остар пад, проследен со пад на тргувањето и месеци на застој на пазарот – феномен што незаборавно го погоди крипто-пазарот во 2018 година. Цената на биткоинот падна за повеќе од 80% до 3.100 долари од крајот од 2017 година до декември следната година, период кој се карактеризира со бум и пад на иницијалните понуди на монети, кога неколку големи банки ги баталија своите планови да започнат шалтери за тргување со криптовалути. Биткоинот не можеше да се опорави сѐ до декември 2020 година, според податоците собрани од Блумберг.

Сеќавањата од 2018 година предизвикуваат стравувања дека сега приказната се повторува, откако најголемата криптовалута во светот падна за 50% од нејзиниот најнов максимум од речиси 69.000 долари во ноември. Крипто универзумот загуби пазарната вредност за повеќе од 1 трилион долари поради растечкото уверување дека Федералните резерви на САД планира да ги заострува досегашните ултра-приспособливи поставки на каматната политика што поттикна трупање на капиталот кај банките. Повлекувањето силно ги погоди сите елементи на крипто екосистемот, од Биткоин до мемекоините и јавно наведените крипто размени. Иако колапсот и сам по себе предизвика доволно потреси, загриженоста е поголема бидејќи маката може да трае со месеци, сметаат од UBS.

„Прашање е како да го карактеризираме она што се случува и најблиската аналогија е веројатно 2018 година, што е пример за крипто зима“, изјави Џејмс Малколм, шеф на девизното истражување во UBS,за Fortune магазинот. „Изгледа веројатно дека ќе биде прилично тежок и потенцијално продолжен период и затоа, крипто-зимската аналогија е доста добра. Запомнете, крипто зимата во 2018 година не беше само во текот на зимските месеци на северната хемисфера. Во основа се продолжи за цела година – така што беше крипто зима која траеше ефективно една година“.

Спомнувањата за „крипто зима“ и „крипто ледено доба“ ги преплавија социјалните мрежи поради последниот пад. „Gm gm – погрижете се да останете топло, крипто зимата е во полна сила“, објави корисникот на Твитер @brycent_ во понеделникот, користејќи го крипто стенографијата за „добро утро“ за да го започне својот твит. „Уживајте во оваа #bitcoin зима“, твитна корисникот @mir_btc за време на викендот.

За Антони Тренчев, ко-основач и управен партнер во Nexo, навистина доаѓаат студени денови. Биткоинот веќе исполни половина од неговата дводелна крипто-зимска дефиниција: остар пад на цените.„Не знам дали ќе има целосно повторување на последната „крипто зима““, рече тој. „Но, неоспорно, претстојат регулаторни и макро бури, а не може да се исклучи уште една фаза на пад дури и до 28.000-30.000 долари“.

За разлика од зимата од пред три години, инвестициите во крипто-сферата остануваат робусни – барем засега. Само во јануари, крипто-размена FTX објави лансирање на ризичен фонд од 2 милијарди долари за да ги насочи можностите на Web3, додека Фајненшл тајмс објави дека Андресен Хоровиц бара да собере 4,5 милијарди долари за крипто-фондови. Се разбира, продолжениот пад може да го уништи ентузијазмот за секторот.

Надвор од ризичен капитал, компаниите исто така бараат да се прошират во аглите на крипто екосистемот. Поднесоците до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД покажуваат дека Walmart Inc. се подготвува да создаде сопствена криптовалута и незаменливи токени. Во меѓувреме, GameStop Corp., наводно, исто така планира да лансира NFT пазар за гејмерите до крајот на годината.

За Бад Вајт од Tacen Inc., тој импулс е знак дека крипто комплексот е во средина на процесот на промена на вредноста, наместо замрзнување.„Не верувам дека влегуваме во крипто зима затоа што сè уште има забрзување, само гледаме пореални цени на она што е изградено во моментов“, вели Вајт, главен директор за производи и ко-основач на компанија за развој на софтвер која гради софтвер со отворен код, базиран на блокчејн.

Заканата од засилено регулаторно влијание, кога се наѕира, ги зголемува ризиците вградени во крипто комплексот. Федерални резерви  на САД размислуваат за лансирање на сопствена дигитална валута, додека со употребата на енергија во рударството на крипто почна да се занимава и американскиот Конгрес и странските влади.

„Белата куќа наскоро може да открие некои предизвици за националната безбедност што ги поставуваат криптовалутите, а документот на ФЕД за дигиталните валути на централната банка не одговори на ниту едно прашање дали ќе видиме дигитален долар или како тие би можеле да работат со стабилни коини“, изјави Едвард Моја, висок пазарен аналитичар во Oanda Corp за Fortune магазинот.

Клучни зборови

  • Биткоин
  • крипто зима
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk