Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

СТИВ ЏОБС СТАНУВА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКАТА ИСТОРИЈА: Неговиот лик ќе биде врежан во 1 долар

17 окт. 2025 г.·3 мин читање·585 прегледи

Следете не на Viber

Ковачницата на Соединетите Американски Држави го претстави дизајнот на новата монета од 1 долар со ликот на Стив Џобс, почест за визионерот што ја претвори технологијата во култура и секојдневие. Џобс, во препознатливата црна ролка, фармерки и патики, е прикажан седнат пред севернокалифорниски пејзаж од ридови покриени со дабови дрвја; композиција што симболично го поврзува неговиот стил на размислување со природата, идејата дека сложеното може да стане интуитивно и органско, ако е направено како што треба.

Под ликот стои неговата максима „Направи нешто прекрасно“, реченица што подоцна стана и наслов на книгата со избрани говори и записи објавена во 2023 година. Монетата ќе биде пуштена во 2026 година и ќе може да се купи преку веб-страницата на U.S. Mint: по парче за 13,25 долари, или во сет од четири монети за 27,50 долари, при што ќе има и ролни од 25 и кеси од 100 монети за колекционерите.

Дизајнот на предната страна на серијата „American Innovation“ традиционално ја прикажува Статуата на слободата во профил со натписите „In God We Trust“ и „$1“, а изданијата за 2026 ќе носат и личен знак, Ѕвоно на слободата со бројот „250“, во чест на двестепедесетгодишнината од основањето на САД. Монетата со Џобс ја претставува Калифорнија во рамката на повеќегодишната програма „American Innovation“, започната во 2018 и планирана да трае до 2032 година, во која секоја држава, округот Колумбија и петте територии номинираат иновација или пионер за комеморација. Покрај Калифорнија, наредната година ќе бидат издадени уште три монети: за д-р Норман Борлог, „таткото на Зелената револуција“ (Ајова); за суперкомпјутерот Cray-1 (Висконсин); и за мобилниот ладилник од 1940-тите (Минесота).

Номинацијата за Џобс, роден во Сан Франциско и човек кој најголемиот дел од животот го помина во Калифорнија, дојде од гувернерот Гевин Њусом, кој истакна дека Џобс го отелотворува калифорнискиот дух: храброст да се експериментира и упорност да се поместуваат граници со цел светот трајно да се промени.

Биографскиот контекст ја заокружува симболиката на ова признание: со Стив Вознијак во 1976 ја основа Apple и го претстави Apple II, еден од првите масовно произведени персонални компјутери; следуваше Macintosh и цела низа радикални уреди – iPod, iPhone, iPad – што го прекроија односот меѓу човекот и технологијата. Како коосновач и извршен директор на Pixar, Џобс го оживеа и првиот целосно компјутерски анимиран игрален филм „Приказна за играчките“, оставајќи трага и во филмската индустрија. Почина во 2011 на 56-годишна возраст, а постхумно беше одликуван и со Претседателскиот медал за слобода.

Сега, неговото лице и неговата филозофија ќе траат и во метал: паричка што не е само сувенир, туку мала, сјајна фуснота кон историјата на модерната иновација, потсетник дека најдобрите идеи почнуваат со едноставна амбиција: да се направи нешто прекрасно.

Клучни зборови

  • Ковачницата на Соединетите Американски Држави
  • монета
  • Стив Џобс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk