Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ШТИП СИТИ МОЛ: Една поинаква приказна

17 окт. 2022 г.·4 мин читање·3438 прегледи

Следете не на Viber

На влезот во Штип забрзано се одвиваат работите на внатрешното уредување на првиот шопинг мол во цела источна Македонија, Штип Сити Мол. Последниве години градот доживува своевидна градежна експанзија, се најавува изградба на цели нови станбени населби, а модерен трговски центар, како оние во големите градови, е само дел од истата приказна. Заедно со аква паркот, кој се наоѓа во непосредна близина на Штип Сити Мол, сочинуваат една модерна и атрактивна целина, преобликувајќи ликот на Штип во модерен град.

“Во тек се последните подготовки до официјалното отворање на единствениот трговски центар во Источна Македонија, и со гордост можам да кажам дека целиот тим на Штип Сити Мол заедно со сите вклучени страни во проектот работиме во полн капацитет, со цел побрзо да бидеме достапни за сите купувачи. Овој шопинг центар ќе биде најголем и најмодерен трговски центар во овој регион“, вели Гоце Југов, кој е менаџер на проектот. Отворањето е планирано за крајот на ноември, во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Инвеститор на проектот во целост е компанијата за производство на мебел Фагус од Пехчево и таа ќе изнесува 12 милиони евра и се очекува да донесе 300 до 400 вработувања. Луѓето кои стојат зад Штип Сити Мол се уверени дека ваков трговски центар ќе ги задоволи разновидните потреби на жителите од источниот регион кој опфаќа повеќе од 250 000 жители и дека ќе претставува не само двигател на економијата и ќе има значителен допринос во економско-трговски развој во овој дел од државата.

Досега, за викендите, посебно во неделите, велат, кафе можевте да се напиете само на некоја бензинска пумпа, владееше мртвило, а содржините на шопинг молот ќе бидат за сите генерации и профили на луѓето. Работното време ќе биде од 10 наутро до 22 часот навечер, а ќе работи секој ден во седмицата.

Трговскиот центар ќе нуди голем број на локални и светски познати брендови на едно место, богати забавни содржини, хотел, ресторан, кафуле, брза храна, текстил, козметика, игротека, книжара, бела техника. На последниот кат на молот се подготвува атрактивен панорамски уреден простор за ноќен клуб, кој ќе внесе живост во ноќниот живот на Истокот, посебно кај младите. Штип е, впрочем, се повеќе, студентски град, а последниве години се поголем број од нив се странци, најмногу од Турција.

Што се однесува до брендовите, ќе ги има 30-тина, меѓу кои се Ваикики, Синсеи, супермаркетот Кипер, Спорт Вижн, Адамс Шуз, Цајз, Парфимерија Шатци, ДМ, Офис Плус, Метро, Сара Фешн и многу други. Веќе се исполнети 95 проценти од продажниот капацитет на молот. Договорите за закуп се повеќегодишни.

Сите работи на изградбата и на уредувањето на молот се изведуваат од страна на домашни, главно локални фирми, па и самиот проект е изработен од локално проектантско биро Атриум од Штип. Младата архитектка Марија Портарска не без гордост раскажува за тоа дека во изградбата се користени врвни најмодерни материјали, дека самиот објект е енергетски ефикасен и дека самиот ќе произведува дел од својата струја, од фотоволтаиците, кои веќе се поставени на покривот на молот. „Фотоволтаичната централа на покривот ќе произведува околу 20—25% од потребната електрична енергија, а на  закупувачите на деловниот простор во молот ќе им биде понудена опцијата да ја користат и со тоа да си намалат дел од сметките“, вели таа.

„Сакавме да му вратиме на градот, во кој моето семество живее со генерации, веќе неколку векови, со нешто убаво и вредно, а воедно да ја размрдаме економијата и трговијата во градот. Вие знаете дека Штип беше град на текстилот, но таа индустрија замре и многу работнички изгубија работа. Вработувањата тука ќе ја подобрат економската положба на многу наши сограѓани“, вели Горан Јордев, директор на Штип Сити Мол и сопственик на Фагус, напомнувајќи дека нивните планови не запираат тука. „Градот тоа го заслужува“, додава Јордев.

Клучни зборови

  • Фагус
  • Штип Сити Мол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk