Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Штериева за „Каде се парите?“: Нема доволно добри проекти кои можат да го соберат целиот банкарски потенцијал 

24 мар. 2024 г.·2 мин читање·2462 прегледи

Следете не на Viber

Има добри проекти. Но нема доволно добри проекти и компании кои би можеле да го соберат целиот потенцијал на нашиот банкарски сектор, оценува претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева, која гостува на поткастот „Каде се парите?“.

„Не е битно за колку милијарди денари зборуваме. Битно е колкава е стапката на конверзија од депозитите во кредити, коефициент на кредити наспроти депозити. Колку е депозитната база искористена за кредити. Кај нас тоа периодично варира, но никогаш не била над 80-90 проценти како во многу земји“, вели Штериева.

Тоа е така, посочува, затоа што банките сакаат да имаат контрола над ризикот.

„Тоа не е некоја замислена категорија – сакам да го контролирам ризикот. Тоа значи, ако некој не го врати кредитот, ние сме презеле поголем ризик. Не би сакале од профитот да се носи толку многу во резерви… Тоа покажува дека тие пари се одобрени кредити, но не ја оствариле својата економска функција. Сме го одобриле, но не бил добро искористен и парите се како во бунар фрлени. Тоа не е идеја на ниеден банкар. А секогаш би сакале повеќе да кредитираме“.

Клучни зборови

  • банкарско кредитирање
  • каде се парите
  • Маја Штериева
  • проекти
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk