Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Штериева во „Каде се парите?“: Мал е процентот на успешност и банките немаат интерес за стартап бизнисите

25 мар. 2024 г.·2 мин читање·703 прегледи

Следете не на Viber

Лицата со стартап бизниси кај банките се обраќаат дури во четвртатат фаза од развојот, кога веќе се во експанзија, тврди Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, во поткасотот „Каде се парите?“. Тоа го поткрепи со табела од факултетски учебник, а и самата е професор по финансии на претприемништвото.

„Тешко е да се дискутира на оваа тема. Табелата покажува – кај комерцијалните банки стартапите доаѓаат во четвртата фаза. Значи поминуваат фаза на развој, на ран раст, па доаѓаат дури кога се во експанзија. Почетокот го финансираат тие лично со свои пари… Во банките доаѓаат кога се во некоја фаза кога веќе се гледа што ќе биде“, наведе Штериева.

Во светски рамки успешноста на овие бизниси не е на високо  ниво.

„Во светски рамки стапката на успешност на стартапите е релативно ниска, со исклучок на неколку земји. На пример, Америка им а само 20 проценти успешност на годишно ниво. Тоа во кредитирање значи, ако одобриме 10 милиони евра, само два ќе се вратат. Најдобра земја со стартапите е Швајцарија со 35 проценти. Мал процет, и тоа од биотехнолошкиот сектор. Многу е битно кај стартапите од кој тип се, дали се иновативни или репликативни. Кај репликативните сите фактори кои влијаат на успешноста се многу поригорозни, потешки и полесно го уништуваат стартапот. Кај иновативните, тоа треба да биде вистинска иновација. Затоа и ја споменав Швајцарија“, нагласува Штериева.

Клучни зборови

  • каде се парите
  • Маја Штериева
  • Стартап
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk