Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Стефан Николиќ – Извршниот директор на CAMMEO ГРУПА Македонија, е добитник на престижната BUSINESS ELITE’S “40 UNDER 40“ награда како еден од 40-те најуспешни менаџери до 40 години во југоисточна европа

20 сеп. 2021 г.·3 мин читање·4821 прегледи

Следете не на Viber

Стефан Николиќ како Извршен Директор на Cammeo Група Македонија е добитник на престижната награда „Business Elite’s “40 under 40”, како еден од 40-те најдобри и највлијателни бизнис лидери до 40 години во Југоисточна Европа за 2021 година, при што е избран и за член на Извршниот Клуб на оваа организација, составен од елитни успешни менаџери, на Гала настанот кој што се одржа на 14ти Септември во Истанбул, Република Турција.

Исклучително сум почестен што добив ваква важна престижна меѓународна награда и што станав член на „Извршниот Клуб“ на оваа бизнис организација. Изразувам огромна благодарност до Business Elite’s Awards за препознавањето и признанието за остварените резултати и постигнувања во сите изминати 15 години од мојот професионален ангажман, како и до Cammeo Групацијата која го препозна мојот менаџерски квалитет и со која заедно испишуваме една нова успешна приказна на Cammeo Такси, сега во такси дејноста во Македонија, при што, за една година од започнување со оперативно работење и тоа во услови на вирусна пандемија, нарушени парични текови и тешко погодена транспортна дејност поради здравствена криза, поставивме нови европски стандарди во такси превозот и понудивме повисок квалитет и подобра услуга за превоз на граѓаните на улиците на Скопје позиционирајќи се на врвот во такси секторот во нашата земја – Изјави Стефан Николиќ.

Стефан Николиќ е признаен експерт во областа на управувањето со ризици како долгогодишен директор во управувањето со ризиците во Банкарската индустрија, но и како експерт предавач во повеќе научни установи во Македонија и консултант во повеќе компании, а во врска со истата материја. Имајќи го предвид неговото огромно искуство во областа на финансиите и управувањето со ризиците, на почетокот од 2020 година преминува во Cammeo Group – најголема регионална транспортна компанија за такси услуги и такси софтвер, која успешно работи во 5 земји и повеќе од 40 градови низ Европа, на позицијата Извршен Директор за Македонија, при што забележа најдобар групациски старт во една година, дури и во услови на Ковид пандемија.

Cammeo Таxi Македонија бележи константен раст на прометот, приходите и пазарниот удел во такси дејноста, при што, успешно се позиционираше како најквалитетен, препознатлив и најпосакуван бренд за такси превоз во нашата земја, заради што, во моментов има потреба од проширување на својот тим.

Имено, активно се бараат дополнителни 50 возачи поради зголемена побарувачка за услуга, заради што, Cammeo Такси вработува и ги повикува сите заинтересирани за работа да аплицираат на hr@cammeo.mk или директно да пополнат пријава за работа на http://cammeo.mk/mk/vozi-za-cammeo, со цел да бидат дел од успешниот тим на Cammeo под лидерство на Стефан Николиќ добитник на престижната Business Elite’s награда.

Наградите Business Elite’s се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да идентификуваат извонредни поединци ширум светот кои се истакнуваат по својата посветеност и професионален успех, а со цел наградување и вмрежување на таквите извонредни претприемачи и бизнис лидери.

Клучни зборови

  • 40 под 40 интернационална награда
  • Business Elite’s Awards
  • Cammeo Такси
  • Global Top Brand Awards
  • Стефан Николиќ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk