Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Статистика за февруари: Скопје главна туристичка дестинација, Турците најбројни гости

12 апр. 2024 г.·3 мин читање·1767 прегледи

Следете не на Viber

Од месец во месец сѐ повеќе туристи ја посетуваат Македонија, а зголемен е и интересот на странците, кои се постојано доминантни во туристичката статистика. Со тоа во тренд на раст се и реализираните ноќевања, особено во хотелите, кои се првиот избор на гостите.

Во февруари во државата престојувале 44.224 туристи, од кои 61 процент странски и 39 проценти домашни гости, се последните забележани податоци за февруари од страна на Државниот завод за статистика. Ефектот од таа бројна состојба се согледува во остварените 89.362 ноќевања. Кај домашните посетители се забележани 39.947 (44,7%), а кај странските 49.415 ноќевања (55,3%).

Во првите два месеци од годинава, а во споредба со истиот лански период, бројот на туристите е зголемен за девет проценти. Во тие рамки, кај домашните има прогресија за 3,9, а кај странските за 12,8 насто.

Нагорно движење има и кај ноќевањата, кои во јануари и февруари бележат годишен раст од 11,6 насто. Во овој сегмент предничат домашните гости со зголемување од 12 проценти, но со 11,2 насто не заостануваат многу ниту странците.

Најпосетуваното туристичко место, вели статистиката, е Скопје. Во вториот месец од годината главниот град привлекол 18.218 гости. Од Македонија – 2.731, а однадвор 15.487. Зад нив оставиле 32.191 ноќевање, во чиј состав се 4.416 како домашни остварувања и 27.775 странски.

Со оглед на зимскиот период, според бројноста следуваат туристичките места класифицирани како „други“: со вкупно 9.273 туристи и 16.400 ноќевања; 3.207 нашинци со 5.504 ноќевања; 6.066 странци и 10.896 ноќевања.

Во крајезерски места кои обично се атрактивни во потоплите сезони, во февруари престојувале 8.926 гости – домашни 5.161, странци 3.765. Постителите од земјава направиле 9.439 ноќевања, додека странските се помалку – 6.695. Или, заедничкиот учинок е 16.134 ноќевања.

Само мал дел од туристите кои дошле во Македонија, не се сместиле во некој од хотелите. Во февруари се регистрирани вкупно 39.370 хотелски гости и 75.089 ноќевања. Соодносот е: домашни туристи 13.068 со 27.113 ноќевања и странски 26.302 со 4. 976 ноќевања.

И во февруарската статистика турските туристи се на врвот од листата со учество во структурата од 18,9 отсто. Овојпат се евидентирани 5.104 на број, кои реализирале 9.710 ноќевања (19,6%). Второто место го задржале Србите. Дошле 3.448 и направиле 6.804 ноќевања. Зад нив се 2.679 соседи од Грција, со 4.023 ноќевања.

Од другата страна на светот во февруари пристигнале по тројца туристи од Нов Зеланд (со три ноќевања) и од други земји од Австралија и Океанија со пет ноќевања.

Клучни зборови

  • домашни гости
  • Државен завод за статистика
  • странски гости
  • туристи во февруари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk