Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Статистика: Услужните дејности и продажбата со 2.688 слободни работни места

1 сеп. 2023 г.·2 мин читање·1577 прегледи

Следете не на Viber

Стапката на слободни работни места е 1,62 проценти. Состојбата е од второто годинешно тримесечје. Број на непополнети места во тој период е 8.059, додека вкупниот број на пополнети места е 489.447.

Највисоката стапка на слободни работни места, според податоците на Државниот завод за статистика, изнесува 3,33 проценти и е регистрирана во секторот рударство и вадење на камен. Станува збор за 150 места за кои никој не е ангажиран. Инаку, во секторот веќе работат 4.349 лица.

Наспроти тоа, најниските 0,25 проценти се во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Празни се 18, а пополнети  7.170 работни места.

Најголем вработувачи се преработувачката индустрија која веќе брои 109.946 ангажирани лица и трговијата на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 85.073 вработени. Во овие два сектори се слободни 2.057, односно 1.845 места.

Статистиката покажува дека деловните субјекти со три до евет вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,25 проценти. Или, има работа за уште 2.018 лица, покрај веќе вработените 87.733.

А, пак од регионален аспект, Пелагонискиот  е со највисока стапка на слободни работни места – 2.66 проценти. Работната сила пополнила 48.246, а празни се 1.318 места.

Најголемиот број слободни работни места, 2.688, на крајот од јуни е забележан во групата занимања – работници во услужни дејности и продажба.

Клучни зборови

  • Државниот завод за статистика
  • работни места
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk