Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СТАРТУВА НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: над 960 производи поевтини за 10 проценти

15 дек. 2024 г.·2 мин читање·3032 прегледи

Следете не на Viber

Млеко, леб, месо, риба, грицки, слатки, пијалаци… речиси илјада намирници спакувани во новогодишната кошница, од денес треба да се поевтини за барем десет проценти. Опфатени се артикли кои најчесто се застапени на новогодишната и на празничната трпеза, а целта е да се олесни товарот на граѓаните.

Станува збор за повеќе од 960 производи од 90 производители и дистрибутери. Ќе можат да се купат во над 300 продажни места во рамките на 30-те синџири на маркети.

„Очекуваме граѓаните овие новогодишни празници да ги поминат со пониски цени и да заштедат на домашниот буџет“, изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Граѓаните не се уверени дека поевтино ќе ги минат празниците. Пред сѐ, поради тоа што претходните денови беа сведоци на нови поскапувања. Повисоки цени имаат одредени видови сувомесни и млечни производи, јајцата, зеленчукот… Поскапи се и маслото за јадење и кафето, но тие заедно со какаото и шеќерот не се застапени во кошницата. Како што вели Ристески, изоставени се за компаниите да не претрпат поголеми загуби, поради цените на суровините на светските берзи кои во моментов се многу високи.

Кога се промовираше новогодишната кошница и премиерот и министерот за економија најавија дека граѓаните ќе бидат заштитени, доколку се потврди дека цените се зголемувале во периодот пред старот на оваа мерка. Воедно, посочија дека во улогата на инспектори треба да бидат и потрошувачите.

И Ристески вчера упати повик до граѓаните и до синдикатите да ги следат цените и најави дека Државниот пазарен инспекторат постојано ќе биде на терен. Сепак, смета дека нема да има игри, бидејќи оваа мерка е предлог од компаниите и од маркетите.

„Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки, да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб-страницата www.dpi.gov.mk“, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Новогодишната кошница има едномесечен рок на траење – од 15 декември до 15 јануари.

 

Клучни зборови

  • новогодишна кошница
  • поевтини производи
  • пониски цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk