Стартува новиот четиригодишен мандат на Одборот на директори на Макстил
Маја Анастасова1 мин читање
Одборот на директори на Макстил од 24 јануари го почнува новиот четиригодишен мандат. Одлуката за избор на членови е донесена на последното акционерско Собрание.
Составот на раководното тело е сочинет од домашни и странски инженери и економисти: Димитар Цветковски, Марија Дуковска – Павловска, Александра Мишковска, Стефано Грамиња, Пјетро Москети, Луис Кристиан Карстенс и Алесандро Казале.
За независни членови на Одборот на директори се назначени Стефано Грамиња и Александра Мишковска.