Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојТехнологија

Стартап компанија на македонски основачи лансираше платформа што ги претвора зборовите во конкретни акции со вештачка интелигенција

7 апр. 2023 г.·3 мин читање·4852 прегледи

Следете не на Viber

Американската стартап компанија „Трансформифај“ (Transformify Inc.), формирана од македонски основачи лоцирани во Скопје, денеска лансираше иновативна платформа за автоматизација и интеграција  која со помош на вештачка интелигенција (AI) ги автоматизира секојдневните задачи претворајќи ги зборовите во конкретни акции (text-to-actions).

Платформата наречена “Трансформифај Аутомејт – Вашиот АИ Копилот за автоматизација” (“Transformify Automate – Your AI Copilot for automation”) на глобално ниво ги предизвика продуктите на најголемите интернационални компании, како Microsoft Power Automate, Zapier, Webflow  и др.

Во креирањето на оваа платформа компанијата беше водена од фактот дека ChatGTP и вештачката интелигенција генерално целосно го менуваат светот и начинот на кој ги извршуваме секојдневните лични и професионални задачи.

“Дигиталната трансформација се однесува на луѓето, културата, технологијата и процесите. Ние ја обезбедуваме AI технологијата. Толку е едноставно.” – Ратко Пројковски, Основач и извршен директор на Трансформифај.

Генерално платформата ја демократизира автоматизацијата на процеси и интеграцијата, со што ја доближува напредната технологија до секој корисник, без оглед на неговото техничко или бизнис искуство. Со едноставен и разговорен јазик, корисникот треба да го опише крајниот резултат и копилотот автоматски ќе го креира, визуелизира и изврши процесот.

Ова ги подразбира сите напредни операции како што се обработка на текст, слики, конвертирање на документи во кој било формат, временски закажани постови на социјалните мрежи, нотификации, имејл пораки и сл.

Платформата опфаќа и комплексни сценарија карактеристични за бизнис секторот, како што се интеграцијата со различни компаниски системи, користењето на различни протоколи за комуникација, операции поврзани со бази на податоци, обработка и трансфер на податоци, дигитално потпишување, и сл.

Трансформифај веќе има воспоставено стратешко партнерство со компаниите Microsofot и OpenAI како лидери во областа на вештачката интелигенција. Ова и овозможува на компанијата преку раниот пристап до последната технологија, проактивно да учествува во истражувачката работа за практичната примена на големите модели (LLMs) како што се GPT-4, ChatGPT Plugins – функционалните плагин додатоци за ChatGPT и др.

Сите заинтересирани корисници може бесплатно да се регистрираат на оваа платформа преку следниот линк, а воедно да дадат и поддршка за Product Hunt www.transformify.ai тука.

Клучни зборови

  • Дигиталната трансформација
  • стартап компанија
  • Трансформифај
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk