Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

UncategorizedБизнис

Старт-ап центарот Касарна Хаб официјално отворен во присуство на 17 амбасадори од ЕУ земјите

23 јан. 2023 г.·3 мин читање·1342 прегледи

Следете не на Viber

Со гордост ве информираме дека по повод официјално отворање на Касарна Хаб, Стелар Солушнс беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје – амбасадорот Дејвид Гир. 

“Неофицијално отворен уште минатиот Јули, Касарна хаб е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар во регионот” изјави амбасадорот Дејвид Гир.

Како дел од проектот Ohrid Go, кофинансиран од Европска унија а спроведен од Стелар Солушнс во партнерство со општина Охрид, Касарна Хаб има за цел да ги поддржи добрите идеи да прераснат во нови иновативни бизниси и да се поттикнат технолошки иновации.

“Можностите за развој на овој простор се огромни и сметаме дека истите треба да се искористат. Резервирани се и средства за физибилити студија која има за цел овој јавен простор да го заштити, да ги препознае потенцијалите и како таков да биде во служба на граѓаните.” – изјави амбасадорот Гир.

Досега спрoведени се 35 настани со преку 700 посетители, остварени се соработки со над 20 граѓански организации, компании, универзитети и средни и основни училишта.

Сместен во прекрасна природа во старата воена касарна во Охрид, хабот располага со коворкинг простор за работа на дигитални номади како и место за дружба и вмрежување.

Во прилог изјавата на амбасадорот Дејвид Гир.https://youtu.be/B3V22dMtVbQ

Клучни зборови

  • Касарна Хаб
  • старт-ап
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk