Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Стандард и Пурс“: Мерките на Народната банка значајни за натамошното јакнење на финансиската стабилност

30 јан. 2024 г.·2 мин читање·3688 прегледи

Следете не на Viber

Поставеноста на монетарната политика е еден од факторите за значителното намалување на инфлацијата во текот на минатата година. Девизните резерви бележат висок, двоцифрен раст и се во комфорната зона. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен, што се согледува преку клучните показатели за неговото работење. Ова се главните наоди во монетарната сфера, во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, каде што се потврдува кредитниот рејтинг на државата на ББ-, со стабилни изгледи.

Од „Стандард и Пурс“ забележуваат дека во декември 2023 година инфлацијата значително забавила сведувајќи се на 3,6%, во споредба со истиот месец претходната година кога изнесувала 18,7%. Ова се должи на поставеноста на монетарна политика, забавувањето на растот на цените на храната и енергијата, како и високата споредбена основа. Како резултат на истите фактори, од Агенцијата очекуваат дека годинава инфлацијата ќе изнесува во просек 4%, односно во рамките и на последните очекувања на Народната банка. Сепак, Агенцијата оценува и одредени ризици за идната динамика на цените, поврзани со состојбите на пазарот на труд и евентуален неповолен развој на геополитичките случувања. Во извештајот се потврдува и високиот раст на девизните резерви коишто на крајот на 2023 година се зголемени за 17,5% во однос на минатата година и достигнаа 4,5 милијарди евра. Од „Стандард и Пурс“ очекуваат дека девизните резерви и натаму ќе се задржат на стабилно ниво, поддржани од странските инвестиции и финансирањето на државата на меѓународниот пазар.

Во извештајот се наведува дека како резултат на макропрудентните мерки преземени од страна на централната банка, банкарскиот сектор и натаму е стабилен и неговата отпорност е дополнително зајакната, со историски ниско ниво на нефункционални кредити коешто изнесува 2,8% од вкупните кредити и стабилно ниво на адекватност на капиталот од 18,2%, што е највисоко ниво во последните 17 години.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • Стандард и Пурс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk