Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Станарите во Њујорк вкупно должат над милијарда долари неплатена кирија

24 јан. 2021 г.·2 мин читање·5151 прегледи

Следете не на Viber

Станарите во Њујорк вкупно должат над милијарда долари неплатена кирија, oва го покажуваат резултатите од истражувањето, пишува „Волстрит журнал“ (WSJ).

Износот на овој долг е последната потврда дека надоместоците за невработеност и претходните федерални пакети за стимулации не биле доволни за ублажување на растечкиот финансиски товар на неплатените закупнини што притискаат илјадници домаќинства во оваа метропола, наведува весникот.

Организациите што ги претставуваат земјопоседници и станари силно лобираат за зголемена државна помош за кирии за време на пандемијата.

Истражувањето, спроведено од група сопственици на куќи од Програмата за подобрување на домувањето (ХИП), се фокусираше на зградите во Њујорк кои подлежат на законите за закуп на градот. Апартманите во овие згради сочинуваат околу половина од вкупните станови за изнајмување во Њујорк.

Студијата, заснована врз собраните одговори на земјопоседници, проценува дека дури 185.000 домаќинства што живеат во овие станови доцнат повеќе од два месеци со исплатата на киријата, а просечниот долг надминува 6.000 долари.

Ayеј Мартин, извршен директор на ХИП, вели дека долгот за закупнини во преостанатите згради во Њујорк, кои не биле опфатени со истражувањето, веројатно е ист или поголем, што значи дека вкупниот долг на станарите во Њујорк се чини дека надминува две милијарди долари.

Клучни зборови

  • Кирија
  • мерки
  • Њујорк
  • станари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk