Купувањето стан во Македонија повторно станува трка со времето. Не поради тоа што нема станови, туку затоа што сè повеќе се отвора прашањето дали сегашните каматни стапки се последната поволна станица пред нов циклус на поскапување на кредитите.
Во период кога цените на недвижностите остануваат високи, а инфлацијата повторно испраќа предупредувачки сигнали, вниманието на граѓаните се насочува кон една институција – Народната банка. Последните пораки од гувернерот Трајко Славески дека е можна корекција на основната каматна стапка ако продолжат инфлаторните притисоци, повторно ја отворија дилемата: дали сега е вистинско време за станбен кредит или е подобро да се почека?
Одговорот не е едноставен, но анализата на актуелните понуди покажува дека банките во моментов водат агресивна битка за клиенти и нудат услови што тешко може да останат непроменети ако Централната банка навистина започне ново монетарно затегнување.
Најниската фиксна камата во моментов ја нуди ТТК банка со 2,9 насто за првите пет години, додека Комерцијална банка, Халкбанк и Алта банка…