Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стабилноста на економијата – приоритет во соработката меѓу Народната банка и Фискалниот совет

30 окт. 2023 г.·2 мин читање·3570 прегледи

Следете не на Viber

Соработката и координацијата помеѓу централните банки и фискалните совети, кои се независни институции што ја надгледуваат фискалната политика, се од суштинско значење за постигнување севкупна економска стабилност. Усогласеноста на макроекономските политики, размената на податоци и постигнувањето долгорочна одржливост се придобивките од соработката помеѓу овие две институции. Оттука, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, на средбата со Фискалниот совет, сочинет од претседателот на Советот, Глигор Бишев и членовите – академик Абдулменаф Беџети и Марина Трпеска, професорка на Економскиот факултет при УКИМ, се заложија за непречена размена на информации и соработка заради одржување на стабилноста на економијата и на финансискиот систем.

На средбата беше истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу централната банка и Фискалниот совет е предност при донесувањето одлуки засновани на податоци и факти и придонесува за подобро толкување на целокупниот економски пејзаж. Двете институции имаат за цел да обезбедат долгорочна стабилност на економијата, при што фискалните совети би го постигнале тоа преку оцена на одржливоста на јавните финансии, додека централните банки се засегнати од влијанието на фискалните политики преку ценовната и финансиската стабилност.

Фискалниот совет е избран од страна на Собранието, додека по еден член предлагаат Народната банка, Македонската академија на науките и уметностите и Државниот завод за ревизија. Целта на Советот е да дава независни стручни мислења за фискалните политики и стратегиските документи и извештаи, како и да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, заради обезбедување макроекономска стабилност и фискална одржливост.

Клучни зборови

  • економија
  • Народна банка
  • Фискален совет
  • фискална политика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk