Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СТАБИЛНОСТА НА ЦЕНОВНИТЕ ПРИТИСОЦИ ДОБАР ОСНОВ 2025 да ја завршиме со инфлација под 3%, смета гувернерот на Народна банка Славески

12 јан. 2026 г.·3 мин читање·6145 прегледи

Следете не на Viber

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички изобличен од цените на авионскиот превоз, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Месечната инфлација во декември 2025 година во споредба со претходниот месец изнесува 0,4%. Растот се должи исклучиво на растот на цените во категоријата “транспорт” во истиот период за цели 5,8%, истакнува во објавата гувернерот на Народната банка.

Овој податок е малку чуден во услови на стабилни цени на горивата и непроменети цени во јавниот превоз. Цените на еден вид “транспорт” —авионскиот — пораснале енормно во декември минатата година — за цели 42%!

Според Славески, доколку во пресметката на индексот на цени за декември 2025 година се изостави транспортот, односно, авионскиот превоз, што е целосно странска компонента, месечната инфлација во однос на претходниот месец изнесува точно 0,0%.

Ова, посочува Славески во објавата на Икс, е јасен сигнал дека инфлацијата е стабилна и дека постојат добри основи 2025 година да ја завршиме со стапка на инфлација под 3 проценти.

Гувернерот Славески, во изјава за бизнис-магазинот „Економија и бизнис“ пред два дена го изнесе своето согледување дека „домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“.

Тој нагласи дека јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и инфраструктурните проекти на локално ниво, ќе имаат важна улога во поддршката на економскиот раст.

Гувернерот Славески посочи дека значителен придонес кон економската активност ќе имаат и приватните инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор, поттикнати од солидниот прилив на странски директни инвестиции. Умерениот раст на расположливиот доход на домаќинствата, заедно со стабилната кредитна активност на банките, ќе обезбеди солидна лична потрошувачка. Покрај ова, постепената стабилизација на економиите на надворешните партнери и поповолните услови на размена би довеле до закрепнување на извозот на стоки и услуги, со што ќе се зајакнат позитивните економски движења.

„Сите овие фактори упатуваат на добри изгледи за годинава, со очекуван економски раст од околу 4 %. Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и  се очекува дека ќе се сведе на 2,5 % годинава, по што постепено ќе се врати на својот историски просек од околу 2 %“, истакна гувернерот Славески, посочувајќи дека главните фактори за ваквите очекувања се поволните движења на светските цени, закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка.

Клучни зборови

  • д-р Трајко Славески
  • инфлација
  • Народна Банка на Република Северна Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk