Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Српските и косовските туристи најбројни во мај

14 јул. 2021 г.·2 мин читање·567 прегледи

Следете не на Viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2021 година изнесува 36 520, од кои 52.0 % се домашни туристи, а 48.0 %  се странски туристи. Во мај 2020 година пак, земјава ја посетиле само 838 туристи.

Бројот на ноќевањата во мај 2021 година изнесува 79 413, од кои 48.1 % се од домашните туристи, а 51.9 % од странските туристи.

Во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 63.3 %, а кај странските има намалување за 21.6 %.

Во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.6 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 44.6 %, а кај странските има намалување за 4.9 %.

Од вкупниот број на туристи домашни се 18 993, додека странски се 17 527. Од местата најголем дел од посетите биле Скопје(12 161) и на езерските места(13 168).

Според статистичките податоци еве го бројот на странски туристи што ја посетиле земјава во мај:

  1. Србија (3490)
  2. Косово (1437)
  3. Албанија (1052)
  4. Турција (1289)
  5. Украина (857)
  6. Германија (764)
  7. Грција (743)
  8. Бугарија (730)
  9. Полска (700)
  10. Романија (396)

Редакција Пари 

Клучни зборови

  • ДЗС
  • косово
  • мај
  • раст
  • Србија
  • туризам
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk