Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

25 окт. 2024 г.·3 мин читање·1214 прегледи

Следете не на Viber

Преку одржувањето стабилен курс на денарот за време на инфлациската криза, преземањето одлучни чекори за намалување на инфлацијата и зачувувањето на стабилноста на банкарскиот сектор, Народната банка имаше клучна улога во одржувањето на стабилноста во економијата, придонесувајќи кон попредвидливо окружување за фирмите и поддршка и заштита на домаќинствата. Ова беше посочено на состаноците коишто ги остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс,  алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, Жероен Клик кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор, во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат во Вашингтон, САД. Средбите беа одржани заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и нејзиниот тим.

На средбите беше искажано признание за Народната банка, којашто преку комбинација на монетарни и макропрудентни мерки, успеа да ги стабилизира инфлациските очекувања и истовремено да ја задржи финансиската стабилност. Соодветната поставеност на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември 2024 година. Банкарскиот сектор за целиот кризен период ја задржа и ја подобри отпорноста и беше значајна потпора за фирмите и домаќинствата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека најновите оцени за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и постојаните поволни движења на девизниот пазар, овозможуваат и натаму постепено и претпазливо да се нормализира монетарната политика. Сепак, таа нагласи дека Народната банка и во иднина ќе има внимателен пристап при носењето одлуки за монетарната политика и ќе ги следи ризиците од надворешното и домашното окружување. „Водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина и Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок“, посочи гувернерката.

Според есенските проекции на Меѓународниот монетарен фонд, објавени во октомврискиот Светски економски преглед, инфлацијата во земјава ќе се намалува и годинава (3,3%), и следната (2,3%), а до 2026 година ќе се сведе на 2%. Од ММФ препорачуваат натамошно водење претпазливи политики и будно следење на состојбите.

Во рамките на Годишните средби, делегацијата ќе има состанок и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли.

Клучни зборови

  • Алфред Камер
  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • Емилија Нацевска
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk