Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средба помеѓу Ангеловска-Бежоска и Камер: Независноста на централната банка е предуслов за макроекономската стабилност

17 фев. 2025 г.·2 мин читање·2298 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, на маргините на конференцијата на високо ниво „Справување со геоекономската фрагментација”, во организација на Холандската централна банка.

 „Независноста на централната банка е јавно добро што мора да се зачува. Централните банки можат успешно да ги исполнат своите цели само ако се независни, вклучително и преку одржување силна финансиска самостојност заради ефективно спроведување на политиките. Народната банка на Северна Македонија успешно се справи со големиот број неодамнешни предизвици благодарение на нејзината независност и кредибилитет, коишто мора да се зачуваат”, изјави Алфред Камер, директорот на ММФ за Европа.

 Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност до директорот Камер за техничката помош од ММФ, како и за препораките за начинот на изменување на Законот за Народната банка и за усогласување со најдобрите меѓународни практики за заштита на независноста на централната банка. „Независната монетарна политика е предуслов за одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, особено во време на предизвици кога во глобалното опкружување и понатаму владеат висока неизвесност и геополитички ризици”, рече Ангеловска-Бежоска.

 На конференцијата на високо ниво, гувернерите и замениците на гувернерите од земјите коишто се дел од холандската конституенца на ММФ, заедно со претставниците на високо ниво на ММФ, разговараа за геополитичките ризици и влијанијата врз економиите, како и за краткорочните и за долгорочните решенија на политиките за ублажување на можните негативни ефекти. На Конференцијата учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

Клучни зборови

  • Алфред Камер
  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • монетарен фонд за Европа
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk