Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

СРЕДБА НАРОДНА БАНКА И ИФЦ: Во фокусот финансирањето на зелени проекти

26 јун. 2021 г.·2 мин читање·2994 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари работна средба со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) – членка на Групацијата на Светската банка, на кој се  разговараше за макроекономската состојба и за состојбата во финансискиот систем.

На состанокот, гувернерката истакна дека најновите податоци за стабилноста на банкарскиот систем остануваат поволни, а дека кредитната поддршка за граѓаните и компаниите продолжува со солиден раст од околу 6%. Притоа, таа нагласи дека согласно со новиот среднорочен Стратегиски план на Народната банка, во сферата на финансискиот систем ќе се стави поголем акцент на поддршката на  финансирањето на т.н. зелени проекти, кои ќе помогнат во процесот на трансформација на економијата. Во оваа насока, Народната банка неодамна спроведе и Анкета за да се процени во колкава мера банките финансираат зелени проекти и да се разгледаат можностите за натамошно поттикнување.

Регионалниот раководител на ИФЦ,  Наим, истакна дека е од големо значење одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем и дека ги поддржува  заложбите на Народната банка во доменот  на зелените финансии. Притоа истакна дека ИФЦ останува посветена на финансирањето проекти кои ќе го поддржат растот на македонската економија, вклучително и на зелените проекти, кои ќе овозможат и постепена трансформација на економијата.

Клучни зборови

  • ИФЦ
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk