Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

16 дек. 2024 г.·2 мин читање·551 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници  на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) предводени од претставникот на Канцеларијата на ИФЦ во земјава, Висар Перани, по повод презентацијата на проектот на ИФЦ којшто се однесува на унапредување на дигиталните финансиски услуги и промовирање на финансиската вклученост во регионот, во рамките на нивните стратегиски определби за создавање напреден и одржлив дигитален екосистем. Иницијативата има за цел да ги поддржи иновациите, да помогне во градењето на капацитетите помеѓу давателите на финансиските услуги и да поттикне конкурентна и инклузивна финансиска околина.

На средбата беше истакнато дека Народната банка е институција којашто преку регулативата и активностите коишто ги спроведува значително придонесува кон дигиталната трансформација во финансискиот систем, што е впрочем и една од нејзините стратегиски цели. Притоа, беше нагласено дека новата правна рамка во платежната сфера овозможи либерализација и отворање на пазарот за нови даватели на платежни услуги, а со тоа и поттикнување на иновациите коишто ги носат финтек-фирмите.

На состанокот ИФЦ ѝ понуди поддршка на Народната банка во повеќе области. Притоа, гувернерката посочи дека особено значајна би била поддршката за давателите на платежни услуги за оперативна подготовка за пристапување до платните системи во Европската Унија и ефективно искористување на можностите коишто ги нуди членството во СЕПА (коешто се очекува на почетокот на наредната година), во сферата на инстант плаќањата, како и при подготовката на новата среднорочната Стратегија за развој на платниот систем на земјата. 

Претставниците на ИФЦ ја истакнаа важноста од усогласувањето на регулативните рамки со меѓународните стандарди, овозможувајќи интероперабилност на платните системи и поттикнување партнерства помеѓу банките, финтек-фирмите и останатите засегнати страни од приватниот сектор. Состанокот го означи првиот чекор во истражувањето на можностите за заедничка соработка за зајакнување на финансискиот екосистем на регионот.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • дигитални финансии
  • Емилија Нацевска
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk