Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Средба на Димитриеска-Кочоска во Трезорот на САД – Техничката поддршка на експертско ниво корисна за унапредување на процесите во управувањето со јавните финансии

24 окт. 2024 г.·3 мин читање·946 прегледи

Следете не на Viber

Техничката помош на Трезорот на САД е добредојдена и корисна во унапрдувањето на управувањето со јавните финансии. Со експерти од Трезорот на САД се работи во повеќе сектори во Министерството за финансии, Царинската управа и Управата за јавни приходи, а се темели врз основа на потпишан Договор помеѓу МФ и Канцеларијата за техничка помош на МФ на САД. Ова беше констатирано на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-помошник секретарот во Трезорот на САД Лијен Трен,  Ребека Горин од Канцеларијата за Европа и помошници директори коишто се инволиврани во активностите во земјава.

„Постоечкиот систем на планирање на буџетот и процесите е развиен со техничка помош од МФ на САД во перидоот 2004-2008 година, а сега се работи на подобрување на тие процеси. Со експертите од Трезорот на САД се работи во повеќе области и сектори во МФ. Се работи на подготовка на нацрт-верзии на клучните документи за планирање и извршување на буџетот, коишто произлегуваат од новиот Закон за буџети. Зајакнување на надзорот на небанкарскиот финансиски сектор, преку зајакнување на капацитетите на секторот во МФ, како и  со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите и финансиската писменост. Исто така, експертите работат и во делот на управувањето со јавниот долг и слично. Сето тоа е особено важно за нас за унапредување на процесите преку коишто ќе се зголеми ефикасноста во прибирање на приходите во буџетот и управување со прибраните средства“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека со Договорот се опфатени и се спроведуваат активности и во Управата за јавни приходи и Царинската управа, каде се работи на зајакнување на капацитетите, дигитализација на процесите, како и сајбер безбедност и борба со криминалот.

На средбата министерката изрази благодарност за поддршката што ја дава САД на земјата, при што беше изразен интерес соработката на експертско ниво и техничка поддршка да продолжи и во наредниот период со цел натамошно зајакнување на целокупниот систем на јавните финансии.

Министерката за финансии средбата ја одржа за време на работната посета на САД, каде учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка, а ќе оствари средби и со високи претставници на овие меѓунродни финансиски институции.

Клучни зборови

  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • министерка за финансии
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk