Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

19 дек. 2025 г.·2 мин читање·690 прегледи

Следете не на Viber

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош-ОТА на Министерството за финансии на САД.

На состанокот се разговараше за унапредување на буџетските процеси во рамки на Реформската агенда и имплементацијата на Законот за буџети, при што беше нагласено дека поддршката од Канцеларијата за техничка помош (ОТА) при Трезорот на САД има клучна улога во повеќе сегменти на планирањето и извршувањето на Буџетот, како и во унапредувањето на буџетското сметководство.

Министерството за финансии, со поддршка од Трезорот на САД и Канцеларијата за техничка помош – OTA, континуирано работи на зајакнување на институционалните капацитети и изградба на модерен и силен систем на јавни финансии.

Во рамки на соработката, системот за буџетско планирање Министерството за финансии, неговата структура, класификации и процеси – првично e развиен со техничка помош од САД и претставува цврста основа врз која денес се гради современо управување со јавните финансии.

Преку оваа техничка соработка досега се подготвени нацрт-верзии на сите клучни буџетски класификации: економска, функционална, програмска, организациска, како и класификацијата според извори на финансирање.

Клучни зборови

  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • министерката за финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk