Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Средба Димитриеска Кочоска – Славески: МФ и НБРМ остануваат посветени на координација помеѓу фискалната и монетарната политика

5 мар. 2026 г.·1 мин читање·945 прегледи

Следете не на Viber

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на која беа разменети мислења за спроведувањето на фискалната и монетарната политика и за одржување на стабилноста на финансискиот систем. Средбата е дел од континуираната координација помеѓу фискалната и монетарната власт.

Mинистерката се осврна на законската рамка со којашто се регулира работењето на финансискиот систем, посочувајќи дека е важно одржувањето на неговата стабилност, додека гувернерот, од своја страна, посочи на мерките што ги презема монетарната власт.

Димитриеска-Кочоска и Славески се осврнаа и на состојбите на глобално ниво. На средбата беше истакната важноста на континуираната координација помеѓу фискалната и монетарната политика, при што беше заеднички констатирано дека состојбата на домашната економија е стабилна, додека институциите продолжуваат внимателно да ги следат надворешните ризици и нивното потенцијално влијание врз макроекономските индикатори.

Клучни зборови

  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • Трајко Славески
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk