Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Средба Димитриеска Кочоска-Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

5 јул. 2024 г.·2 мин читање·844 прегледи

Следете не на Viber

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која соговорниците се осврнаа на реформите коишто и претстојат на земјата во нејзиниот евроинтегративен процес.

На средбата беа разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција која е координатор во рамки на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ, како и за Реформската агенда на земјата поврзана со новиот План за раст на Западен Балкан, а која активност ја реализира Министерството за финансии заедно со Министерството за европски прашања.

„Министерството за финансии ги координира активностите во рамки на Економско-финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа искуство ќе се искористи и во рамки на реформскиот процес поврзан со Планот за раст на Западен Балкан“, рече министерката.

Таа изрази уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамки на тој евроинтеграциски процес ќе бидат во фокусот на работата, бидејќи тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до ЕУ стандардите.

Како што беше посочено ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и дека таквата поддршка ќе продолжи и во наредниот период.

Клучни зборови

  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • Дејвид  Гир
  • министерка за финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk