Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Средба Бесими со претставници на ИФЦ – Потенцијал за учество на ИФЦ во зелената транзиција и поддршка на приватниот сектор

13 дек. 2023 г.·2 мин читање·42170 прегледи

Следете не на Viber

Можностите за проширување на дејствувањето на Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка – ИФЦ во земјава преку учество во финансирањето на проекти од секторот енергетика, пред се обновливи извори на енергија и поддршка на планот за зелена транзиција, како и поддршка на приватниот сектор, беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со регионалната директорка на ИФЦ за Европа Рана Карадшех-Хадад и регионалниот менаџер за Западен Балкан Николас Маркиер.

„Постојат повеќе можности за зголемување на активноста на оваа меѓународна корпорација во спроведување на нашиот план за декарбонизација и зелена транзиција на земјава. ИФЦ покажува интерес за финансирање проекти од енергетската област и обновливи извори за енергија, како производство на соларна енергија, проекти поврзани со декарбонизација“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека се очекува со ИФЦ да се развие инвестициски план за реализација на проекти во овој сектор со поддршка до 85 милиони американски долари преку Програмата за климатски инвестициски фондови – ЦИФ.

На средбата беше наведено, исто така, дека постои голем потенцијал за влегување  со поддршка на ИФЦ и во приватниот сектор и дека за тоа постои голем интерес од македонските компании, но и поддршка за да се привлечат повеќе странски инвестиции.

Клучни зборови

  • ИФЦ
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk