Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Средба Бесими – Басани: СБ ја продолжува поддршката на развојните политики на земјата, преку Стратегијата за партнерство

26 мај 2023 г.·2 мин читање·647 прегледи

Следете не на Viber

Реализацијата на проектите во земјата, што се дел од Стратегијата за партнерство на РС Македонија со Светска банка за периодот 2019-2023, како и активностите што се одвиваат за продолжување и продлабочување на таа соработка, беа тема на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-претседатеот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ.

Инфраструктурни проекти, изградба на локални патишта, модернизација на образованието, дигитализацијата се само дел од областите на кои е фокусирана Стратегијата. Значајна поддршка е посветена и на енергетскиот сектор, особено преку подобрување на енергетската ефикасност, поле кое и во индина ќе биде меѓу приоритетите, со цел да се надминат предизвиците кои ги донесе енергетската криза, како и влијанието на климатските промени.

„Добро индентификување на приоритетите е најзаначјно за успешна реализација на новата програма и посигнување на поставените цели. Приоритетите кои ќе бидат вградени во новата Стратегија треба да произлезат од она што е дефинирано како приоритет на Владата во националните стратешки документи, како и Програмата за економски раст, која содржи клучни реформи заеднички усвоени со Европската унија, а кои значат и побрзо приближување на земјата кон ЕУ“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Меѓу идентификуваните области на коишто би се засновала идната соработка се обезбедување одржлив развој на општините, подобрување на квалитетот на воздухот, дигитален развој и енергетска транзиција.

На средбата беше потврдено дека политиките што ги спроведува Владата обезбедуваат одржливост на среден рок. Таквите политики поддржани со значајни инвестициски проекти и спроведрување на реформите ќе доведат до забрзани стапки на економски раст.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, средбата, на која учествуваше и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, ја одржа на маргините на Состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ што се одржува во Тиват, Црна Гора.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • ИФЦ
  • ММФ
  • СБ
  • Светска банка
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk