Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Средба Азески-Рафуна во Приштина: Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата и владеење на правото каде сѐ се удира врз грбот на бизнис секторот

8 мај 2023 г.·3 мин читање·1114 прегледи

Следете не на Viber

Инфлацијата, енергетиката, зелената агенда но и новите иницијативи за елиминирање на административните пречки во регионот на Западен Балкан и постепено приклучување на компаниите кон единствениот пазар на ЕУ беа во фокусот на разговорите на денешната средба во Приштина меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседателот на КИФ Лулзим Рафуна, кој истовремено е и претседател на Стопанската комора на Косово.

На работната средба беа отвори праша за билатералната соработка меѓу двете земји, но акцент беше ставен на улогата што ја има КИФ, како асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, која претставува повеќе од 350.000 компании.

„Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата, посебно увезената инфлација, нефункционирањето на пазарната економија, прашањето за владеење на правото, каде сѐ се удира врз грбот на бизнис секторот. Затоа од клучна важност е регионалниот пристап и здружувањето. Предлагам во рамки на КИФ, како претставник на приватниот сектор во регионот, да донесеме заедничка декларација, која ќе биде усвоена следниот месец и каде ќе излеземе со конкретни барања кои ќе бидат упатени до сите влади од шестте економии на земјите од Западен Балкан. “, нагласи Азески.

Претседателот на КИФ Рафуна ја прифати иницијативата и на прес-конференцијата пред медиумите изјави дека е посветен на остварувањето на целите во новата стратегија на КИФ кои дефинираат подобрување на регионалната соработка, дигитализација, образование и обука, Зелена агенда на ЕУ.

За компаниите од регионот од клучно значење е и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ, и примената на т.е. „принцип на инклузивно проширување“, кој КИФ го предлага години наназад, а кој би овозможил во определени области, на компаниите од Западен Балкан да им се даде третман како да се дел од внатрешниот пазар на ЕУ. На овој начин, компаниите од регионот ќе можат да ги користат придобивките од економската интеграција со ЕУ и пред формалното завршување на процесот на приклучување кон Европската Унија.

Податоците покажуваат дека во споредба со 2017 година (кога првпат започна да се формализира процесот на регионална економска соработка со усвојувањето на Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област во рамки на Берлинскиот процес) трговијата со стоки во регионот пораснала од 5.2 на 6.9 милијарди евра, трговијата со услуги од 2.0 на 2.9 милијарди евра, а интрарегионалните инвестиции од 98.6 на 257 милиони евра, и потврдуваат дека за компаниите од регионот локалните пазари се многу важни, заради блискоста, познавањето на пазарите, но и постојните бизнис релации. Но овој раст на соработката е скромен во споредба со потенцијалите, кога би се реализирала економска интеграција на регионот и спроведување на 4те слободи (слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал без препреки низ целиот регион), што би довело до  неколкукратно зголемување на стапките на раст за економиите од регионот на Западен Балкан.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • енергетика
  • Западен Балкан
  • зелена агенда
  • инфлација
  • киф
  • Лулзим Рафуна
  • стопанска комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk