Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средба Ангеловска-Бежоска – Тодорова: Финансиска едукација за подобар статус на жените во економијата и општеството

1 апр. 2024 г.·2 мин читање·473 прегледи

Следете не на Viber

Едукацијата на женската популација за социоекономските права, можности и развивање бизнис-идеи, планови, како и финансиските можности за користење на домашните и европските фондови, се значаен чекор кон намалување на родовиот јаз во општеството и економијата. Финансиската едукација и финансиската вклученост на жените се вбројуваат меѓу политиките коишто треба да се спроведуваат во земјава за намалување на нерамноправноста помеѓу жените и мажите на повеќе полиња, заради обезбедување севкупно поголем економски напредок. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ), Савка Тодорова. За постигнување побрзи и подобри резултати, клучна е соработката помеѓу институциите и невладиниот сектор.

„Целта на Народната банка е преку финансиската писменост и финансиската вклученост да се зајакнат основните вештини и клучните компетенции кај жените, што ќе им овозможи зголемување на нивните финансиски знаења, доверба и пристап до финансии за ефективно да учествуваат во економските активности. Еден параметар за финансиската вклученост на жените кај нас е колкав дел од жените и мажите располагаат со сметка во финансиска институција, при што податоците покажуваат дека кај нас 80% од жените имаат сметка, наспроти 90% кај мажите, додека во Европа не постои разлика помеѓу машката и женската популација во овој дел. Во домашниот банкарски систем, 62 отсто од вкупната вредност на кредитното портфолио им припаѓаат на мажите, а само 38 отсто на жените. За таа цел, Народната банка започна со остварувањето на проектот, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи. Проектот има за цел да обезбеди поддршка за поголем пристап на жените претприемачи до финансии, како и за зголемување на свесноста за значењето на родовата еднаквост при доделувањето кредити“, истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата стана збор за понатамошна соработка заради натамошно зголемување на општата свест за значењето и можностите коишто ги носи поголемата вклученост на жената во економијата.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Савка Тодорова
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk