Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средба Ангеловска-Бежоска − Камер: Довербата во Народната банка е резултат на прудентната монетарна политика и на транспарентноста  

15 мар. 2024 г.·2 мин читање·754 прегледи

Следете не на Viber

Анкетата спроведена од Светската банка покажува дека Народната банка ужива највисока доверба кај јавноста помеѓу домашните институции во земјава. Довербата во Народната банка во изминатите четири години, и покрај постојаните шокови, е уште повеќе зголемена. Ова е резултат на прудентната монетарна политика којашто беше насочена кон одржување стабилни инфлациски очекувања и стабилен курс на денарот. Зголемената транспарентност и комуникација имаат дополнителен придонес за одржувањето на кредибилитетот.

Ова беше истакнато на средбата на која присуствуваа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, на Регионалниот состанок на гувернерите на централни банки, што се одржува во Сплит, Хрватска.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека како резултат на навремените и силни мерки преземени од страна на Народната банка, инфлациските очекувања се стабилизираа, што е особено значајно за идното формирање на платите и цените на компаниите, а со тоа и на инфлацијата. Мерките на монетарната политика заедно со интервенциите на девизниот пазар ја обезбедија стабилноста на девизниот курс на денарот и ја зацврстија довербата во домашната валута.

 „Довербата не зависи само од прудентните политики што ги презема централната банка, туку и од правилната комуникација и транспарентност. Сеопфатноста и јасноста во комуникацијата е основа за градење доверба и успешно справување со предизвиците во овој кризен период, кога централните банки мораа да се справат со најголемата инфлациска криза во изминатите декади“, нагласува гувернерката Ангеловска-Бежоска. Таа истакна дека Народната банка од почетокот на корона-кризата дополнително ја засили комуникацијата со јавноста, бројот на соопштенијата за јавноста се зголеми за 25%, додека бројот на јавните настапи на раководството на Банката се зголеми за 40% во споредба со периодот пред пандемијата. Воведени се и целно насочени пораки за различна публика, поедноставен е стручниот јазик, ставен е акцент на визуализацијата, зачестено се користат социјалните медиуми, а засилени се и активностите за финансиска едукација.

 

Клучни зборови

  • Алфред Камер
  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • ММФ
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk