Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку водењето соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност

26 јан. 2023 г.·2 мин читање·302 прегледи

Следете не на Viber

Преку водењето соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност, односно стабилноста на банкарскиот сектор, што е важен предуслов за постигнување здрав и одржлив економски раст. Притоа, при присуство на ризици, важно е да се продолжи со претпазливи политики и натамошно зајакнување на отпорноста. Ова беше пораката на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новоименуваната амбасадорка на Грција во земјава, Софија Филипиду.

На средбата беше истакнато дека низ годините Народната банка постојано и системски ја зајакнуваше регулаторната и супервизорската рамка, што придонесе за стабилен и здрав банкарски сектор, дури и во услови на криза. И Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на Европската Унија, по примерот на земји како САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, коишто ги исполнуваат овие стандарди. За време на последната криза беа преземени и дополнителни макропрудентни мерки, како воведување противцикличен заштитен слој на капиталот, заради дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор.

Банкарскиот сектор, во текот на целата криза, од пандемијата наваму, ѝ дава значителна поддршка на економијата. Минатата година, вкупната кредитна поддршка се искачи на 9,4%, особено кај корпоративниот сектор каде што достигна 11,5%. Притоа, особено е важно дека кредитната поддршка е обезбедена при задржана стабилност на банкарскиот систем. Според последните податоци, стапката на адекватност на капиталот се зголеми достигнувајќи 17,7%, а нефункционалните кредити се задржуваат на ниски нивоа (3,3%).  Сепак, ризиците постојат и неопходно е натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем.

На состанокот се разговараше и за тековната економска состојба и за глобалните и домашните макроекономски предизвици. Гувернерката и во оваа прилика ја истакна заложбата на Народната банка за обезбедување среднорочна ценовна стабилност, за да се осигури попредвидлив и стабилен амбиент, поволен за среднорочен раст на економијата.

Клучни зборови

  • Народната банка
  • финансиска стабилност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk