Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Според Банката на Америка Кина ќе стане најголема светска економија до 2028

1 мар. 2021 г.·2 мин читање·1308 прегледи

Следете не на Viber

Економист кој работи во Банката на Америка, Хелен Киао, рече дека Кина има големи шанси да ја удвои големината на нејзината економија до 2035 година и патем да ги надминува САД како најголема економија во светот.

Двојно зголемување на БДП на Кина, бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години – нешто што според некои аналитичари е тешко да се постигне. Киао, одговорен за азиските економии во Глобалното истражување на Банката на Америка, рече дека некои реформски мерки ќе и помогнат на Кина да го постигне тоа.

„Сметаме дека Кина може да го оствари тоа“, рече таа за Си-Ен-Би-Си. Покрај двојно зголемување на БДП, азискиот економски гигант би ги надминал САД како најголема светска економија во 2027 или 2028 година, предвидува Киао. Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година се зголемила за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд за Кина годинава предвидува раст од 8,1 процент.

Во меѓувреме, американската економија се намали за 3,5 проценти во 2020 година, според најновите проценки на владата. ММФ соопшти дека економијата на САД годинава може да порасне 5,1 процент.

Клучни зборови

  • Банка на Америка
  • економска сила
  • Кина
  • предвидување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk