Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Спој на банкарско и универзитетско искуство во предлог-составот на НО на АЛТА банка Битола

Маја Анастасова·4 фев. 2026 г.·3 мин читање

Давор Мацура, Уна Сикимиќ, Татјана Куљак, Вељко М. Мијушковиќ и Горан Коевски се предложени за членови на новиот состав на Надзорниот одбор на АЛТА банка АД Битола. Предлогот, кој вклучува тројца претставници на најголемиот акционер – АЛТА банка АД Белград, и двајца независни членови, е дел од дневниот ред на Собранието на акционерите закажано за 27 февруари.

Во материјалите за седницата, акционерите ги имаат и биографиите на предложените кандидати.

P.A.R.I – AI: Паметен аналитички репортер на информации на „Пари“

Давор Мацура е доктор на науки по менаџмент и бизнис и основач на АЛТА Груп. Од 2008 година е активен во рамките на групацијата, а моментално е претседател на Надзорниот одбор на АЛТА банка АД Белград и на АЛТА Лизинг. Тој е индиректен краен сопственик на 95,13 отсто од АЛТА банка Белград која, пак, е 100-процентен сопственик на АЛТА банка Битола.

Уна Сикимиќ е доктор на науки од областа на банкарството и финансиите, со повеќегодишна кариера во управување со ризици. Од 2021 година е претседател на Управниот одбор на АЛТА банка Белград. Претходно извршувала високи менаџерски функции во Комерцијална банка Белград, вклучувајќи член и заменик-претседател на Управниот одбор и извршен директор за управување со ризици.

Татјана Куљак е економист и правен специјалист за корпоративно управување. Од 2021 година е CRO и CFO, како и член на Управниот одбор на АЛТА банка Белград. Повеќе од една деценија работела во Комерцијална банка Белград, главно во областа на анализа и управување со кредитен ризик.

За независни членови се предложени лица од академската фела.

Вељко М. Мијушковиќ е доктор по економски науки и доцент на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград. Неговата академска кариера е насочена кон економија, финансии и корпоративно управување, со повеќегодишно искуство во високото образование.

Горан Коевски е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје и доктор по правни науки. Има богато искуство во областа на трговското и корпоративното право, учествувал во изработка на клучни законски решенија и бил член или претседател на бројни државни комисии, управни и надзорни одбори, вклучително и на Македонската берза и Централниот депозитар за хартии од вредност.

Предлогот за новиот состав на Надзорниот одбор ќе биде предмет на одлучување согласно статутарните и регулаторните процедури на Банката.

Клучни зборови

  • Алта Банка АД Белград
  • АЛТА банка АД Битола
  • нов надзорен одбор
  • предлог
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk