Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари со каматна стапка од 4,9 % и рати по твој избор

17 мар. 2026 г.·2 мин читање·3997 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9 % и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.

Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.

Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9 % е достапна при користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.

„Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.

Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.

За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб-страницата www.sparkasse.mk.

Клучни зборови

  • Потрошувачки кредит
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk