Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

ШПАРКАСЕ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ: Регистрирани се „phishing“ напади, ако видите ваква порака- не отворајте ја!

24 јан. 2023 г.·2 мин читање·1431 прегледи

Следете не на Viber

Компании и граѓани клиенти на Шпаркасе банка добиле електронски пораки од  sparkasse.banka@sparkasse.com.mk, со наведена контакт адреса doznakirezim@sparkasse.mk. Предметот, пак, на пораката е „Известување за извршена дознака во странство – SWIFT“. Притоа, нема потпис со дигитален сертификат и содржи прикачен фајл со екстензија .PDF..zip

Од банката известуваат дека се работи за „phishing“ напади од страна на непознато лице, кое го фалсификува идентитетот на Шпаркасе, па користејќи го логото се обидува да извлече податоци преку праќање мејлови.

Шпаркасе банка АД Скопје апелира до клиентите да не ги отвораат ваквите пораки, како би се заштитиле од евентуална злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме мејлот е отворен, од банката советуваат да се побара помош од ИТ професионалец.

Воедно, појаснуваат дека нотификациите испратени од преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат издаден од КИБС. Дополнително, регуларните пораки за извршени дознаки во странство имаат прикачен фајл со наставка .pdf, не .pdf..zip.

Информативниот систем на банката е сигурен, а се преземаат неопходните активности за справување со нападот.

Клучни зборови

  • pfishing
  • шпаркасе
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk