Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Шпаркасе Лизинг донираше противпожарно возило на општина Кисела Вода, по повод 15 години постоење на Македонски пазар

4 окт. 2024 г.·4 мин читање·1337 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Лизинг е оштествено одговрана компанија, која 15 години донира во различни сегменти, со цел да се обезбеди квалитетот на живот на граѓаните во Македонија.

Со особена чест и задоволство денеска сме тука да направиме еден важен чекор во насока на подобрување на безбедноста и квалитетот на животот во нашата заедница. Како компанија која е длабоко посветена на општествената одговорност и поддршката на локалните заедници, Шпаркасе Лизинг го препозна значењето на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции. Денес, ја продолжуваме таа традиција преку донацијата на противпожарно возило на Општина Кисела Вода.

Знаеме дека секоја општина се соочува со предизвици кои бараат брзи и ефикасни одговори, особено во ситуациите кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Против пожарното возило  кое ќе помогне во спасувањето на животи и намалувањето на штетите во моменти кога секоја секунда е важна. Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме кон уште побрза и поефикасна реакција на противпожарните служби во Општина Кисела Вода.Шпаркасе Лизинг отсекогаш имала јасна цел – да биде повеќе од финансиска институција. Наша мисија е да ја поддржиме заедницата во која работиме и живееме, да вложуваме во развојот и подобрувањето на условите за сите граѓани. Овој чин на донација е само еден од многуте начини преку кои нашата компанија ја покажува својата посветеност кон општото добро.Сакам да се заблагодарам на градоначалникот и на тимот од Општина Кисела Вода за нивната посветеност и визија за подобра и побезбедна средина за сите граѓани. Убедени сме дека ова противпожарно возило ќе најде своја суштинска примена и ќе донесе корист на општината во многу години кои следат.

На крајот, би сакал да потенцирам дека и понатаму ќе останеме отворени за соработка и поддршка на вакви и слични иницијативи. Заеднички, можеме да направиме многу повеќе за нашата заедница и нашата иднина- Изјави директорот на Шпаркасе Лизинг  Г- дин Марјан Манчев.

Со големо задоволство денес сакам да објавам дека во насока на зголемување на безбедноста на нашите граѓани, со цел да се заштитиме од непредвидливите и разорни последици на пожарите, Општина Кисела Вода успеа да обезбеди противпожарно возило. Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Голема е мојата благодарност до компанијата Шпаркасе Лизинг, која ги препозна нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило. Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да и’ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел, таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред се’ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира.

Уште еднаш, огромна благодарност до Шпаркасе Лизинг и се надевам дека ова ќе биде само почеток на една успешна соработка од која ќе произлезат и многу други проекти во интерес на нашите жители- Изјави Градноначалникот на Општина Кисела Вода Г-дин Орце Ѓорѓиевски.

ПР Објава

Клучни зборови

  • г-дин Марјан Манчев
  • Орце Ѓорѓиевски
  • Шпаркасе Лизинг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk