Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Шпаркасе Банка со нова VIBE ON понуда за млади: Kредити и банкарски решенија создадени според нивните потреби

22 мај 2026 г.·2 мин читање·2059 прегледи

Следете не на Viber

Под мотото „MAKE IT EPIC“, Шпаркасе Банка во рамките на својата VIBE ON платформа за млади ја проширува понудата на финансиски производи за млади до 28 години, и тоа со нови потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит за млади, можност за дозволено пречекорување, како и нов VIBE ON+ пакет за млади.

Како банка со едно од најголемите семејства на млади клиенти во земјата, Шпаркасе Банка континуирано ги следи нивните потреби, го слуша нивниот глас и создава производи што носат вистинска вредност во различните животни фази – од првите финансиски одлуки до обезбедување сопствен дом и поголема финансиска независност.

Новата VIBE ON понуда е креирана со цел да обезбеди поголема флексибилност, достапност и поддршка за младите во секојдневието и во реализацијата на нивните лични планови. Во рамките на понудата, достапни се:

  • VIBE ON потрошувачки кредит – за поголема финансиска флексибилност и поддршка за секојдневни потреби, патувања, едукација или лични планови;
  • VIBE ON станбен кредит за млади – создаден за да им помогне на младите полесно и побрзо да дојдат до свој дом;
  • VIBE ON хипотекарен кредит – решение за поголеми животни инвестиции и долгорочна сигурност;
  • Дозволено пречекорување по платежна сметка за млади – дополнителна финансиска поддршка кога е најпотребна.

Дополнително, Шпаркасе Банка го воведува и VIBE ON+ пакетот за млади од 25 до 28-годишна возраст како надградба на постојниот VIBE ON пакет за млади од 15 до 24-годишна возраст, со уште повеќе бенефити приспособени на динамичниот начин на живот и навиките на младите генерации.

VIBE ON веќе е препознатлива платформа за млади, создадена за генерациите што сакаат поинакво банкарско искуство – поедноставно, подостапно и поблиско до нивниот начин на живот. Преку постојниот VIBE ON пакет, наменет за млади до 24-годишна возраст, како и првата и единствена VIBE ON експозитура за млади во земјата, Шпаркасе Банка континуирано гради заедница во која младите се слушнати, разбрани и поддржани во секој значаен животен чекор. Новата VIBE ON понуда е уште една потврда за посветеноста на Шпаркасе Банка кон создавање финансиски решенија што растат заедно со младите.

#ВерувамеВоМладите

Клучни зборови

  • VIBE ON платформа за млади
  • финансиски производи за млади
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk