Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Шпаркасе Банка обезбеди дополнителни награди и донации

21 авг. 2020 г.·3 мин читање·95 прегледи

Следете не на Viber

Желбата за почиста и поздрава животна средина започнува од поединецот, но се рефлектира на целата заедница и ја отсликува колективната еколошка одговорност. Како вистински пример за една одговорна заедница, Општина Берово постави висок стандард за останатите, освојувајќи ја првата награда на конкурсот на за НајЕко општина на Пакомак и Шпаркасе Банка.

Високото ниво на општествено-еколошка свест на ниво на целата општина го направи Берово еден од најчистите градови во земјата, што беше потврдено со добивањето на наградата за НајЕко општина. Одговорните и вредни луѓе од Општина Берово, на чело со градоначалникот Звонко Пекевски, направија најмногу во изминатата година за да ги исполнат строгите критериуми на Пакомак и да го освојат првото место на конкурсот.

Според официјалните критериуми кои влијаеа на конечниот избор, комисијата ги оценуваше општините според бројот и квалитетот на еко проектите во текот на изминатата година, буџет за екологија по жител и зеленило, како и соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад на ниво на општина. Најдобрите резултати беа забележани кај следните општини:

 

Прво место  – Општина Берово

Второ место – Општина Кавадарци

Трето место – Општина Велес

Како победничка општина, Берово забележа најдобри резултати во трите категории според кое жири-комисијата го вреднуваше еколошкиот придонес на секоја од општините. Општина Берово најмногу се истакна во категоријата Буџет за екологија по жител и зеленило, каде ги доби максималниот број бодови, а вредни за напоменување се и реализираните проекти за енергетска ефикасност на општинските објекти, акциите за чистење на Беровското езеро и кампањите за јакнење на еколошката свест кај населението.

Живеењето во чиста и здрава животна средина е награда доволна сама по себе, бидејќи тоа има непроценлива важност во колективното ниво на среќа и задоволство. Сепак, Пакомак и Шпаркасе Банка решија да обезбедат дополнителни награди и донации за општините кои најмногу се истакнаа во изминатата година.

Трите општини со најдобар резултат според мислењето на комисијата ќе бидат наградени за својата посветеност кон чиста, здрава и одржлива околина, а наградите ќе им бидат доделени во текот на месец октомври. Наградите и донациите се обезбедени од страна на Пакомак и Шпаркасе банка, со цел да бидат од корист на сите луѓе од заедницата, но и за да го поттикнат активното учество во борбата за почиста околина.

Клучни зборови

  • донации
  • награди
  • Шпаркасе Банка Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk