Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ШПАНИЈА ГИ УКИНУВА, ВО ГРЦИЈА БУМ НА „ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ“, илјадници странци инвестираат во недвижнини и добиваат легален престој под грчкото сонце

11 апр. 2024 г.·3 мин читање·5923 прегледи

Следете не на Viber

И додека Шпанија одлучи да ја прекине својата програма за „златни визи“, со кои на странците кои внесуваат капитал во земјата во форма на инвестиции од најмалку 500 илјади евра им се гарантираше легален престој, кај една друга членка на ЕУ – Грција се случува вистински бум на побарувачката за златни визи. Според грчкиот весник Катимерини, барањата за петгодишни дозволи за престој преку програмата Златна виза продолжуваат со несмалено темпо, бидејќи во првите два месеци од годинава се поднесени 1.299 нови барања, наспроти 1.248 барања поднесени во соодветните два месеци лани.

Севкупно, се проценува дека од почетокот на програмата до денес се стекнати 24.000 имоти со минимална инвестициска вредност од 6 милијарди евра. Минималниот износ на инвестиции, кој до лани изнесуваше 250.000 илјади евра, сега во некои региони на Грција, како што се полуостровот Атика, Солун, Миконос и Санторини, е покачен на 500 илјади

Оваа бројка се заснова на активни постојани дозволи за инвеститори, кои изнесуваат 15.865 (12.529 првични дозволи и 3.336 обновувања), но и 8.137 барања за првични дозволи кои се во тек.

Врз основа на податоците од Министерството за миграција и азил, во текот на 2023 година биле одобрени 4.444 дозволи, што одговараат на продажба на недвижен имот со минимална вредност од 1,1 милијарди евра. Во првите два месеци од годинава се доделени уште 664 дозволи.

Во наредниот период, поточно за речиси шест месеци, се очекува да се забележи голема инвестиција за стекнување на домови кои ги исполнуваат критериумите за доделување дозвола за престој преку програмата.

Укинувањето на таканаречената златна визна шема во Шпанија дојде по критиките дека е тоа начин валкани пари да влезат во економијата на државата. Програмата беше воведена во 2013 година како последица на падот на пазарот на домување и кризата со еврото во обид да се ревитализира имотниот сектор и да им се доделат права на престој на богатите странци кои инвестирале во недвижен имот.

Но, критичарите велат дека тоа создава инфлаторен притисок и делува како задна врата за валканите пари да влезат во економијата. Тоа ја поттикна владата на Педро Санчез да објави во октомври дека шемата ќе биде укината.

Според шпанското министерство за домување, во периодот од 2013 до 2023 година биле издадени повеќе од 14.000 вакви дозволи, главно за државјани на Кина и Русија.

Оние од Обединетото Кралство, САД, Иран и Венецуела се исто така меѓу оние кои се обидуваат да дојдат до куќа под шпанското сонце.

Клучни зборови

  • грција
  • златна виза
  • недвижнини
  • Шпанија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk